Повик за млади лица кои сакаат да се вклучат на Европски волонтерски Корп на долгорочен проект во Словенија

Ако сакаш да ја запознаеш Словенија, овој повик е одлична можност за тебе.

Се бараат млади лица до 29 години за да волонтираат цела година во Словенија (септември 2023 – август 2024).

Пријавените треба да бидат машки (за да се обезбеди родова еднаквост).  KIDS IN ACTION 10 – UNITED IN SOLIDARITY е 10-та од ваков вид и продолжува добро да ја воспоставува традицијата на вклучување на меѓународните волонтери во животот и работата на различни организации.

За време на размената обезбедено е сместување, храна и дневни трошоци.

Во текот на проектниот период, волонтерите, исто така, ќе имаат можност да ја искусат работата на другите партнерски организации вклучени во проектот и, исто така, да ги реализираат своите проекти со други локални организации за да го зајакнат нивното учество во локалното општество.

 

За повеќе инфорамции обратете се на: [email protected]

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: