Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје го подготвија извештајот Барометар за еднакви можности. Во овој извештај се анализирани наодите од теренската анкета која беше спроведена по четврти пат на репрезентативен примерок, во мај/јуни 2023 година, а со која се опфатени перцепциите и искуствата на граѓаните и граѓанките на полето дискриминација.
Оваа конференција ќе биде подиум за институциите и граѓанскиот сектор да се сплотат во дискусијата и понатамошната реализација на сеопфатни мерки за борба со дискриминацијата во периодот што следи. Оттука, Вашето присуство ќе ни претставува посебна чест.
Ве молиме, Вашето учество да го пријавите на следниот линк: https://forms.gle/6wjzQGA525o6DC4cA најдоцна до 28 ноември (вторник) 2023 година. Пополнете засебна пријава за секој/а пријавен/а учесник/чка.
Повеќе детали на следниот линк.
|