Пријави се на нашата Креативна Летна Школа за деца од 8 до 14 години!
Дизајнирана за деца на возраст од 8 до 14 години, оваа школа е место каде што малите креативци ги откриваат своите таленти, учат нови техники и ја развиваат својата фантазија преку игра, креација и соработка.
Започнуваме на 25 јуни (среда), со почеток од 11 часот, во просториите на Младински Центар Охрид.
👉 Што ќе научиме?
-Ќе учиме како да комбинираме бои, форми и материјали за да создадеме магични композиции.
– Ќе експериментираме со различни текстури, рециклирани предмети и иновативни техники.
– Ќе работиме во тим, ќе спојуваме идеи и ќе раскажуваме уметнички приказни.
– Ќе креираме разгледници, рамки, мали уметнички инсталации и уникатни дела со личен печат.
– На крај – изложба со сите креативни дела!
Летото е платно, а ние ќе го исполниме со боја, креативност и радост! Дојди, создавај и остави свој уметнички отпечаток!
Пријави се на следниот линк и осигурај место за највеселата и најшарената креативна летна авантура!
📍Младински Центар Охрид
Прва работилница 25 јуни 2025, со почеток од 11 часот.
⚠️ Учеството е бесплатно. ⚠️