Национален натпревар за научна комуникација – STREAM-IT

Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување ве поканува на Националниот натпревар за научна комуникација, кој ќе се одржи на 6 мај 2026 година, со почеток во 11 часот, во Public Room – Скопје.

Настанот се организира во рамки на проектот STREAM-IT и претставува финална фаза од менторската програма посветена на развој на вештини за научна комуникација кај студенти и млади истражувачи.
На натпреварот, учесниците ќе ги презентираат своите истражувања и идеи пред жири-комисија и публика, со фокус на јасна, разбирлива и ефективна комуникација на научни теми.

Победникот на натпреварот ќе учествува на меѓународниот натпревар во Будимпешта, каде ќе се натпреварува со учесници од други европски земји.

Бројот на места е ограничен!

Повеќе информации на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: