Вчера на 31 март се одржа втората средба од Младинскиот круг во Младински Центар Охрид, младите учесници одбраа два клучни предизвици за кои ќе работиме заедно:
– Подобрување на јавниот превоз за средношколци – ќе спроведеме анкета и ќе испратиме предлози до Општина Охрид!
– Еколошки активности за млади – истражуваме субвенции за велосипеди, мапираме локации за паркинзи и снимаме видеа за подобра велосипедска инфраструктура!
Следи нè за повеќе информации и приклучи се!