Младинска конференција за женско претприемништво во МЦО
– 11ти ноември 2025та (вторник)
– Младински Центар Охрид
– 12:00ч – 14:15ч
– Младински Центар Охрид
– 12:00ч – 14:15ч
Младински Центар Охрид организира конференција посветена на младинското и женското претприемништво, со цел да ги поттикне младите да ја претворат креативноста и идеите во реални можности и успешни иницијативи.
Настанот ќе го обедини локалниот креативен и бизнис сектор, инспиративни жени претприемачи и млади луѓе кои сакаат да учат, растат и создадат сопствени приказни.
Панел дискусија со:
-
Тијана Цресензи — продукт дизајнер и основач на Vinstreet
-
Моника Коцарева Ергиќ — сопственик на брендот Kocareva
-
Емилија Алексијоска — архитект и дизајнер | Studio77
Програма:
-
Панел дискусија: женско лидерство, креативност и бизнис визија
-
Практични приказни и алатки од успешни млади претприемачи
-
Интерактивна сесија „Од инспирација до акција“ – мини speed-mentoring
-
Дискусија и вмрежување со учесниците
Настанот е отворен за млади, студенти, средношколци, идни претприемачи и сите заинтересирани за модерно претприемништво, дизајн, технологија и креативни индустрии.










