Летна Ликовна Школа со Димитрие Ристески
Во рамки на Недела на млади, те покануваме на петдневна ликовна авантура каде ќе имаш можност да научиш, создаваш и истражуваш уметност! Од 11ти до 15ти август секој ден со почеток од 09:30 до 11:00 часот во просториите на Младински Центар Охрид ќе се оддржуваат работилници во склоп на Летна Ликовна Школа, предводена од наставникот по ликовно образование Димитрие Ристески.
Програма:
- Ден 1 – Теорија, ликовен јазик и историја на уметност
- Ден 2 – Цртање
- Ден 3 и 4 – Сликање
- Ден 5 – Моделирање
Ќе работиме на создавање сопствено ликовно дело преку цртање, сликање и моделирање, а ќе навлеземе и во светот на уметноста преку историја и ликовна теорија.
Совршена можност за сите што сакаат летото да го поминат креативно, инспирирано и забавно!
Секој ден – нова техника, ново искуство, ново уметничко дело
Местата се ограничени – пријави се навреме!
Пријавување на следниот линк.