Одбележан меѓународниот ден на млади со музички хепенининг и серија на културни и спортски активности
[vc_row columns=”1″][vc_column][vc_column_text]Младински Центар Охрид во чест на “Меѓународниот Ден на Млади” – 12 август организираше Недела на Млади со низа активности од различен карактер во просториите и дворот на МЦО.
Истата беше во период од 7 – 11 август, каде имаше различни видови креативни работилници, практични и едукативни, дискусија на тема Ментално Здравје, Летна Школа за Гитара и многу други каде беа вклучени различни категории млади лица.
На 11.08.2023 година се организираше голем настан, кој имаше повеќе точки од кои:
- Првата активност која се реализираше на 11.08.2023 година и за прв пат во МЦО, беше Детска Атлетика во соработка со Атлетичарски Клуб – Охрид ТрчаТ.
- Втора активност беше Работилница за Цртање на Канвас со Проф. Жанета Стаиќ.
- Наредно беше поставена изложба во Дворот на МЦО на млад фотограф – Нина Ангелоска.
-
Прикажани беа 3 краткометражни филмови од млади охридски артисти
1. RED – Дамјана Видическа2. 4891 – Ивана Мирчевска3. Црногорци во Охрид – Ристе Спироски и Валентин Цветаноски
Програмата во склоп на Кампањата Недела на Млади во организација на МЦО, се финализираше со Официјално Обраќања на Раководителот на МЦО – Јован Цветкоски, Заменик Градоначалникот на Општина Охрид – Перчо Божиновски, и Извршниот Директор на Невладината Чадор Организација – Коалиција на Младински Организации СЕГА, која го води МЦО -Зоран Илиевски.
[/vc_column_text][us_image_slider ids=”12571,12570,12573,12576,12574,12566,12567,12578,12568,12565,12564,12563,12562,12556,12557,12552,12551,12553,12554,12538,12539,12534,12540,12541,12542,12543,12537,12536,12548,12549,12546,12560″][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]