Јавен Повик За Изразување Интерес На Локални Граѓански Организации За Учество Во Проект | Young Men Initiative

ПОЗАДИНА

Центарот за истражување и креирање политики заедно со CARE International Balkans, го реализира проектот „Градење на здрави животни навики на младите луѓе“ со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Конкретно проектот ќе придонесе кон:

  • Поголемо разбирање и подигање на свеста за насилството како научено мажествено однесување на балканските простори, кај момчињата, младинските граѓански организации и релевантните владини институции.
  • На национално ниво ​​прилагодување на пристапот на CARE за вклучување на момчиња и девојчиња како превентивен модел за родово базирано насилство кој ќе го предводат млади лица.
  • Зголемени капацитети на локалните граѓански организации за примена на пристапот на CARE за YMI Методологијата (Young Men’s Initiative) водејќи кон превентивен модел за родово базирано насилство.

МИСИЈА

Мисијата на Иницијативата за момчиња (YMI) е да промовира градење на здрави животни навики на младите луѓе преку промовирање на ненасилна комуникација со цел да го превенира врсничкото и родово базираното насилство помеѓу момчињата и девојчињата.  Воедно целта на оваа иницијата е да им овозможи на младите да го достигнат својот целосен потенцијал во општеството.

 

ЗАДАЧИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ РЕАЛИЗИРА ИЗБРАНАТА ГРАЃАНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

1) Во првата година од имплементација

  • Учество во приспособување на програмата Program M  и Program Y развиена од страна на CARE на национално ниво, со цел да се развие програма за врсничка едукација;
  • Учество во процесот на селекција на момчиња (во првата година од реализација на проектот) а потоа и девојчиња од средните локални училишта кои што би се вклучиле во активностите од проектот;
  • Учество на Обуките за обучувачи, како и проценка на потребите на едукаторите кои ќе бидат обучени од страна на CARE;
  • Учество во формирање и адаптација на локалните младински клубови во општините учеснички во проектот со цел активно функционирање на „Биди маж“ клубовите како безбеден простор за дијалог, критичко размислување и подигање на свеста кај младите луѓе;
  • Реализација на петнаесет работилници по општина, со цел да се пилотира програмата Program M со фокус на градење на здрави животни навики на момчињата;

2) Во втората година од имплементација

  • Реализација на петнаесет работилници по општина, со цел да се пилотира програмата Program Y која што ги вклучува во програмата и девојчињата;
  • Учество на регионален настан кој ќе биде фокусиран на споделување на искуства и добри практики со професионалци вклучени во имплементација на програмата во средните училишта;
  • Можност за учество на регионален камп Сутјеска, Босна и Херцеговина организран од страна на CARE;
  • Реализација на медиумска кампања со цел да се споделат постигнатите резултати од проектот;
  • Креирање и реализација на младинска кампања во општината какде што делуваат и  учество на завршниот настан од проектот.

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавниот повик имаат сите граѓански организации кои ги исполнуваат следниве услови:

  • Да се регистрирани во С. Македонија според Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10); пред 1ви ноември 2018 година;
  • Да делуваат на територијата на општините: Центар, Гази Баба и Ѓорче Петров (во Скопје), Гостивар, Тетово, Охрид, Неготино, Кавадарци и Штип.
  • Да имаат претходно искуство со работа со млади и/или во спроведување на проекти во областа на младински политики и/или родови прашања.

Крајниот рок за поднесување пријави е 26.11.2023 година. 

Повеќе детали на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: