На 8ми февруари во Младински Центар Охрид, за прв пат се организира Еко пазар на иницијатива на еко секциите на “Училишта без пластика”.
Посетителите имаа можност да купат и продадат зачувана облека, книги и играчки, давајќи им нов живот на предметите што инаку би завршиле во отпад.
Средствата собрани од продажбата, во износ од 7.630 денари, веќе се донирани на сметката на фондацијата Икрауд, наменети за Емилија, мајка на две малолетни деца од Крива Паланка, која боледува од малигна неоплазма на билијарно стебло.
Огромна благодарност до сите учесници кои беа дел од базарот и донираа облека и предмети, наставниците и учениците, како и на сите присутни кои ја поддржаа идејата!
Очекуваме ваквиот настан да го организираме почесто, со цел купувањето и продажбата на втора рака да стане поприфатлива практика за охриѓани. Да продолжиме заедно да градиме поодржлива заедница!
ЕКО ПАЗАР ВО МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР ОХРИД
