Вчера, на 9-ти јуни, во дворот на охридската гимназија Св. Климент Охридски, се одржа последното издание на Еко базарот за овој период – настан исполнет со одржливост, младинска енергија и човечност.
Од облека од втора рака и книги, до рачни изработки и уникатни предмети – повторно успеавме да создадеме простор каде што старите нешта добиваат нов живот.
Базарот имаше хуманитарен карактер, а сите собрани средства ќе бидат донирани за настраданите во трагичниот настан во Кочани.
Благодарност до сите изложувачи, ученици, професори, посетители и пријатели што беа дел од овој ден. Заедно градиме посвесна, позелена и посочувствителна заедница.
♻️ Оваа активност е дел од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, финансиран од Европската унија и имплементиран од People in Need (PIN), АРНО, ЛЕАД и Ековита.