Category: ОХРИД СЕГА

17 ГОДИНИ БЕЗ ТОШЕ ПРОЕСКИ

Тоше Проески, име кое одекнува со безвременска убавина и трајно наследство, прерано го напушти овој свет, но неговото сеќавање продолжува да свети силно на ноќното небо. На овој тажен ден, се сеќаваме на еден човек чиј глас ги надмина границите и чиј дух допре до срцата на милиони луѓе.

Тоше Проески беше повеќе од само пејач, тој беше симбол на благодатта, талентот и пример за човек. Неговиот милозвучен глас имаше моќ да ги пренесе слушателите на далечни места, предизвикувајќи длабоко чувство на емоции што малку уметници можат да го постигнат. Со секоја испеана нота, ткаеше ѕвездено небо од соништа и чувства, плетејќи врска меѓу човекот и божественото.

Неговата уметност немаше граници, преминувајќи ги јазичните бариери и културните поделби. Тој имаше единствена способност да ги обединува луѓето преку универзалниот јазик на музиката, поттикнувајќи љубов, разбирање и чувство на единство во често поделен свет.

Присуството на Тоше беше доказ за убавината на човечкиот дух. Тој не само што нè маѓепса со својата вокална моќ, туку и нè инспирираше со неговата понизност, добрина и посветеност да го направи светот подобро место. Неговите филантропски потфати да им помогне на оние на кои им е потребно, додадоа подлабок слој убавина на неговата веќе извонредна душа.

На овој ден, додека размислуваме за 17-годишнината од неговото трагично заминување, се сеќаваме на Тоше Проески како светилник на светлината во светот често замаглен од темнината. Неговата музика живее, неговиот дух опстојува, а неговото сеќавање останува вечно убаво, како безвременска мелодија која засекогаш ќе ја слушаме во нашите срца. Иако можеби прерано го напушти овој свет, убавината што ја внесе во нашите животи ќе продолжи да одекнува за генерациите што доаѓаат. Неговиот лик и дело никогаш нема да избледи.

Нека му е вечна слава.

Проекција на документарецот „Охрид, Охрид убав мил“ на отворањето на Недела на Млади

По повод Денот на млади – 12 август, а како дел од настанот Недела на млади, во Младински Центар Охрид, вечерта на 12 август, во понеделник, ќе се прикажува документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на македонскиот режисер од Охрид, Илија Пиперкоски.

Во документарниот филм се зборува за настанување на песната Охрид, Охрид, убав мил и низ прекрасен наратив гледачите ќе можат хронолошки да се запознаат со тајфите и трубадурите кои негувале чалгиска музика и животот на охриѓани преставен преку испеаните песни.

Филмот ќе се прикажува во дворот на МЦО, со почеток во 20:40 часот, по самото отварање на настанот Недела на млади.

Уште еден ден до стартот на Beach Film Festival

Подгответе се за недела исполнета со филмски проекции и музички перформанси
под ѕвездите. Охрид по 7ми пат ќе биде домаќин на Фестивалот Beach Film Festival, кој претставува прослава на глобалната кинематографија во неверојатен природен амбиент на плажа.
Овогодинешниот фестивал ветува дека ќе биде енергичен културен настан, прикажувајќи низа жанрови и стилови на раскажување приказни кои ја одразуваат богатата таписерија на меѓународната кинематографија. Присутните можат со нетрпение да ги очекуваат шесте долгометражни европски филмови и тоа: Rodeo, Summer to come, Afire, Milk, Some birds и Pelican. Покрај главната програма, на фестивалот ќе се прикажат и 14 краткометражни филмови.
Филмскиот фестивал на плажа во Охрид постојано расте од своето основање, стекнувајќи репутација по својата еклектична програма и волшебна локација. Без разлика дали сте посветен синефил или едноставно барате незаборавно летно излегување, овогодинешниот фестивал ветува незаборавно искуство покрај езерото.
Погледнете ја програмата на официјалната фејсбук страна на настанот и дојдете на дружење на плажите Славија и Сараиште и бродот Армада.

Информации за билетите:

  • За Плажа Славија ќе може да се купат билети на врата и онлајн 🎟️
  • Зa Брод Армада билетите можат да се купат само онлајн 🎟🌊🎥
  • За Плажа Сараиште влезот е бесплатен.
Oнлајн билетите може да ги набавите на следниот линк: https://mktickets.mk/event/beach-film-festival-2024/

Започнува 64-тото издание на „Охридско лето“

Утре, на 12.07.2024, петок, во Охрид започнува 64тото издание на најпрестижната музичко-сценска манифестација во земјава – Фестивалот Охридско лето.

Годинешното фестивалско издание предвидува околу 50 настани со 800 уметници од 24 земји ширум светот- ќе настапат звучни имиња од светот на музиката, но и најдобрите театарски продукции со извонредни драмски проекти.

Свеченото отворање  годинава ќе го одбележи грандиозен концерт на светскиот виртуоз на виолина од Латвија, Џулијан Рахлин. Славниот виолинист и диригент ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија.

Фестивалската сцена повторно ќе биде домаќин на најголемите, најславните и најуспешните кои ќе создадат квалитетна, атрактивна и возбудлива програма. Ги охрабруваме сите љубители на класичната музика, џезот, театарот да ги посетат богатите настани од 12 јули до 20 август.

„Охридско лето“, уште од 1961 година со својата врвна програма и светски уметници претставува совршен спој на музиката, театарот и воопшто на уметноста. Денес фестивалот е синоним за достоинство не само на Охрид, туку и на државата. Преку него светот не препознава на најрепрезентативен начин.

Настаните ќе се одржуваат на сцени поставени на различни познати локации низ градот: Долни Сарај, Антички Театар, Црква Света Софија и Предворје на Црква Света Софија и Центарот за култура „Григор Прличев“.

Билетите за настаните организирани од НУ „Охридско лето“ Охрид, можат да бидат набавени во билетарниците на НУ „Охридско лето“: билетарница во дирекцијата, билетарница на Кеј „Македонија“ и билетарница на плоштад „Крушевска Република“ (Чинар)  На денот на настанот, билети можат исто така да се купат на продажните пултови пред сцените.

За повеќе информации обратете се на официјалната страна на Охридско лето на следниот линк.

Summer Drive-in Cinema | Касарна Охрид

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Синоќа беше првиот ден од Summer Drive-in Cinema | Касарна Охрид
ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ – македонски филм од 2023 година во режија на Марјан Гавриловски
Маалски џанак, коцкар и армоникаш трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови.
ВЕЧЕРВА на Summer Drive-in Cinema | Касарна Охрид ЕФЕКТОТ НА СРЕЌА — македонски филм од 2019 година во режија на Борјан Зафировски. Главните
улоги ги играат: Јовица Михајловски, Јана Стојановска, Петре Арсовски, Ана Стојановска.
Во филмот се раскажува приказна за потрагата по среќа која им е заедничка на сите луѓе. Леа е млада девојка која го почнува нејзиниот последен предизвик, теза која бара доказ во верувањето дека среќата може да се пренесува, исто како и чувството на тага, осаменост и мизерија.
 Влезот ќе биде отворен од 20:00ч, а проекциите започнуваат во 21ч.
 Билетите по цена од 500 денари по автомобил ќе може да ги купите во @shilla_coffee или на влез.
По почетокот на проекцијата нема да биде дозволено влегување!
 Билетите по цена од 500 денари по автомобил ќе може да ги купите во @shilla_coffee или на влез.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14266,14267″][/vc_column][/vc_row]

Денес и утре Летно кино со автомобили во Касарна Охрид

Денес (08.07) и утре (09.07) започнува Летното кино со автомобили Summer Drive-in Cinema во склоп на настаните од шестото фестивалско издание на алтернативното културно-забавно лето „Културолошка Иницијатива 5 до 12“.

И оваа година, дозволете си да отпатувате назад во времето, на нашиот специјален настан – Летно Кино со Автомобили. Придружете ни се на овие две ноќи под отворено небо, да ги проследиме едни од најдобрите македонски филмови во моменти на топла носталгија и уште потопли свежи пуканки!

08.07.2024 | понеделник

ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ – македонски филм од 2023 година во режија на Марјан Гавриловски

улоги: Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ, Ангела Стојановска, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Исмаил Касуми, Мирсад Ибази, Мими Таневска, Владо Јовановски, Фирдаус Неби, Елдин Широки, Надица Петрова, Руиш Беговска, Талија Настова

Маалски џанак, коцкар и армоникаш трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови.

09.07.2024 | вторник

ЕФЕКТОТ НА СРЕЌА — македонски филм од 2019 година во режија на Борјан Зафировски.

Главните улоги ги играат: Јовица Михајловски, Јана Стојановска, Петре Арсовски, Ана Стојановска.

Во филмот се раскажува приказна за потрагата по среќа која им е заедничка на сите луѓе. Леа е млада девојка која го почнува нејзиниот последен предизвик, теза која бара доказ во верувањето дека среќата може да се пренесува, исто како и чувството на тага, осаменост и мизерија.

Влезот ќе биде отворен од 20:00ч, а проекциите започнуваат во 21ч.

По почетокот на проекцијата нема да биде дозволено влегување!

 

Билетите се по цена од 500 денари по автомобил и можете да ги набавите во Кафе бар Шила или на влез.

Ре-Кре-Арт – Креативни работилници за рачна изработка на накит во МЦО

[vc_row][vc_column][vc_column_text]На 26.06.2024 и 27.06.2024 во просториите на Младински Центар Охрид со најмладите изработуваме накит од монисти и реупотребливи материјали во соработка со Beach Film Festival.

Преку реупотреба на материјали се стави акцент и на круцијалноста од рециклирање и одржлив раст и развој.[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14227,14228,14229,14230,14231,14232,14233,14234,14235,14236″][/vc_column][/vc_row]

Денес во Охрид започнува Охридскиот Фестивал на Виното – Ohrid Wine Fest 2024

Денес во Охрид започнува Охридскиот Фестивал на Виното – Ohrid Wine Fest 2024. Oд 27-ми до 29-ти јуни, истиот ќе се одржува на кеј „Македонија“  пред хотел „Палас“.

Градоначалникот Кирил Пецаков на денешната средба со новинарите истакна дека фестивалот  полека но сигурно зазема место  и ја разубавува  туристичката разгледница  на Охрид.

– Овој фестивал како и Оhrid water festival, се одраз на нашите големи желби за поголема туристичка промоција на Охрид и  Охридското Езеро. Очекувам трите фестивалски ноќи да донесат гости и туристи од земјава и странство, а годинешното издание да биде успешно бидејќи музичките ѕвезеди  кои ќе настапат, тоа и го ветуваат. Во трите фестивалски ноќи ќе настапуваат  и стенд ап комичарите Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски- подвлече градоначалникот Пецаков.

Пане Темов од организацискиот одбор на фестивалот се осврна на програмскиот дел.

– Во четврток ќе настапат „Backdoor band“, Миле Кузманоски и групата „Куку леле“. Во петок „Urban Planet“, „NEXT TIME“, „BRASS BROTHERS“  . Саботната вечер е резервирана за „Балканико“,  групата „АРЕА“ и Влатко Лозановски – рече Темов.

Фестивалот се одржува со поддршка на Општина Охрид, а во организација  на  CRAFT продукција.

 

Преземено од Ohrid.gov.mk.

 

 

Музичка приредба на младите во Младински Центар Охрид

Ве покануваме на нашата голема забава на 25ти јуни (вторник) во просториите на Младински Центар Охрид со почеток во 19:00ч.

Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ и бендот на Младински Центар Охрид под менторство на професорот Игор Стефановски спремија богат репертоар со добро познати песни од големи домашни и странски артисти.

Да ги поддржиме младите музички надежи од Охрид и да се забавуваме!

Настан кој не се пропушта, не дозволувајте да ви раскажуваат!

Бесплатен филмски курс „Филмски колаж“ од 3ти до 7ми јули во Младински Центар Охрид

Во просториите на Младинскиот Центар Охрид, со почеток од 3ти јули ќе се оддржи филмски курс „Филмски колаж“, кој е дизајниран како алатка за сите средношколци и студенти со интерес кон филмската уметност.
Целта е да им овозможи на младите да се запознаат со различни аспекти на филмската продукција и да ги развијат своите критички и креативни способности.
Преку теоретски и практични предавања од областа на актерската игра, филмската камера, сценографија и костимографија, филмска шминка и маска, видео монтажа, дизајн на звук, филмска музика и режија, учесниците ќе стекнат темелни знаења и практични вештини.
Со овој курс се пружа можност да ја зацврстиме филмска писменост кај младите вљубеници во филмот, да го поттикнеме критичкото размислување и креативност, и да ги запознаеме со реалната професионална пракса пред влезот во филмскиот свет. Овој сеопфатен филмски курс ќе се оддржи во три дела, теоретска настава, теренска настава од 3ти до 7ми јули, во просториите на на Младинскиот Центар Охрид и фаза на постпродукција. Предавањата ќе ги водат стручни лица, а при теренската настава учесниците ќе имаат можност практично да се запознаат со процесот на работа на филмски сет и да работат со филмска техника. „Филмски колаж“ е одлична можност за младите да се впуштат во светот на филмот, да ги развијат своите таленти и да се подготват за идните предизвици во филмската индустрија.
Работилниците опфатени во „Филмски Колаж”, ја организира филмската продукција Шарада во соработка со Beach Film Festival, и е проект поддржан од Министерството за Култура на РСМ. Сите заинтересирани можат да се пријават преку директна порака на профилите на Младинскиот Центар Охрид и Beach Film Festival.