Category: МЦО ПРАЈТ

Списание „Младински израз“ 2024

ГОРДО ГО ПРЕТСТАВУВАМЕ: „МЛАДИНСКИ ИЗРАЗ“ – 2024!

Нашето ново електронско издание на списанието „Младински Израз“ е конечно тука!
Списанието е гласот на младите – простор каде ги споделуваме најинтересните моменти од активностите, проектите и креативните приказни што заедно ги создадовме во текот на годината.

Што ќе најдеш во „Младински Израз“?

  • Креативни работилници и уметнички проекти
  • Меѓународни размени и соработки
  • Културни настани и претстави

Едукативни програми и инспиративни приказни

Прочитај го сега и инспирирај се!
Линкот до списанието.

Благодарност до сите млади, организации и поддржувачи кои беа дел од оваа приказна. Ова списание е посветено на вас!

Светови меѓу корици – настан за љубителите на книгите!

На 6-ти март- Денот на книгата, ве покануваме на двочасовно патување низ световите на книжевноста! Ќе имаме ексклузивна Q&A сесија со локалните автори Јордан Коцевски и Евгенија Н. Веровска Трајаноска, интерактивно пишување на кратки приказни, Book Quiz, како и неформално дружење со љубители на литературата.

🎤 Што да очекувате?
📚 Инспиративен разговор со авторите за нивниот креативен процес
✍️ Креирање кратки приказни во тимови
🎭 Забавен Book Quiz со интересни категории и награди
📖 Open Mic – споделете свој текст со публиката!

📅 6-ти март
⏰ 18:30ч
📍 Младински Центар Охрид

Walk for Rare

На 28-ми февруари, дојди со нас на посебна прошетка каде ќе дадеме поддршка на здружението „Ретко е да си редок“ и ќе допринесеме за подигнување на свеста за ретките болести!

⇒ Време: 09:00 часот
⇒ Збирно место: Кај Рисон (бензинска Макпетрол)
⇒ Рута: Мала Богородица – Велестово – Леко Патека и назад (вкупно околу 7 км)
⇒ Водич: Дејан Ангелоски

Ќе носиме обележја од здружението „Ретко е да си редок“, а како симбол на поддршка ќе ги обоиме дланките и ќе направиме заеднички фотографии!

Повикај пријатели, облечи се удобно и приклучи се во оваа хумана иницијатива!

За учество, пријави се во директна порака на инстаграм или фејсбук со име и презиме и телефон!

Креативна работилница по повод 14ти февруари

[vc_row][vc_column][vc_column_text]во Младински Центар Охрид одржавме креативна работилница по повод Денот на вљубените ❤️✨ со ученици од ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид.

🎨 Во рамки на Креативниот клуб, изработувавме честитки и рачни креации, споделувајќи убави пораки за најблиските. Имавме одлична атмосфера, многу дружба и уште повеќе креативност!

📌 Креативниот клуб е отворен за сите млади кои сакаат да творат и да ја развиваат својата имагинација. Им благодариме на присутните и очекуваме сите заинтересирани да ни се придружат во следните активности! 😊[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14975,14976,14977,14978,14979,14980,14981,14982,14983,14984″][/vc_column][/vc_row]

ЕКО ПАЗАР ВО МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР ОХРИД

[vc_row][vc_column][vc_column_text]На 8ми февруари во Младински Центар Охрид, за прв пат се организира Еко пазар на иницијатива на еко секциите на “Училишта без пластика”.
Посетителите имаа можност да купат и продадат зачувана облека, книги и играчки, давајќи им нов живот на предметите што инаку би завршиле во отпад.
Средствата собрани од продажбата, во износ од 7.630 денари, веќе се донирани на сметката на фондацијата Икрауд, наменети за Емилија, мајка на две малолетни деца од Крива Паланка, која боледува од малигна неоплазма на билијарно стебло.
Огромна благодарност до сите учесници кои беа дел од базарот и донираа облека и предмети, наставниците и учениците, како и на сите присутни кои ја поддржаа идејата!
Очекуваме ваквиот настан да го организираме почесто, со цел купувањето и продажбата на втора рака да стане поприфатлива практика за охриѓани. Да продолжиме заедно да градиме поодржлива заедница![/vc_column_text][us_image_slider ids=”14961,14962,14963,14964,14965,14966,14967,14968,14969,14960″][/vc_column][/vc_row]

Учествувај во видео за Денот на мајчиниот јазик

Повик за учество во видео за Денот на мајчиниот јазик
Дали твојот мајчин јазик е македонски, албански, турски, ромски, српски, влашки, босански или друг јазик?
По повод 21-ви февруари – Денот на мајчиниот јазик, Младински Центар Охрид поканува млади да учествуваат во кратко видео со кое сакаме да ја потенцираме важноста на јазичната разновидност и почитувањето на сите заедници.
Ние ќе подготвиме инспиративни пораки, а твојата задача е само да ја кажеш на видеото на својот јазик!
Пријавувањето е до 10-ти февруари во порака.
Снимањето ќе се одржи од 11-ти до 13-ти февруари во Младинскиот центар.
Јазикот е повеќе од средство за комуникација – тој е дел од нашиот идентитет, култура и традиција. Кога ги вреднуваме и учиме јазиците на другите, создаваме посилни врски и заедништво во општеството.
Заедно да испратиме порака за единство!

Стани дел од Волонтерскиот клуб на МЦО

Пријава за Волонтерски Клуб – Младински Центар Охрид
Дали си на возраст од 15 до 29 години? Дали сакаш креативно да го исполниш слободното време, да стекнеш нови знаења и да се запознаеш и дружиш со врсници со исти интереси?
Аку одговорот на све ти е ДА, не тук му ја мисли и пријавувај се з’ш ова е совршената можност за тебе!
Стани дел од волонтерскиот клуб на Младински Центар Охрид и придонеси за развојот на младинската заедница преку различни активности:
   – Организирање и учество во настани, работилници и проекти
   – Акции за зачувување на животната средина и поддршка на локалната заедница
   – Креативни и едукативни иницијативи
   – Вмрежување со активни и инспиративни млади луѓе
Придобивки?
 * Развој на нови вештини и искуства
 * Сертификат за волонтирање
 * Можност за учество во локални и меѓународни проекти

 * Дружење, забава и инспирација!

Пријави се на линкот.
Ве очекуваме заедно да испишеме нови страници во приказната на Младински Центар Охрид!

Еко пазар во Младински Центар Охрид оваа сабота

Училишта без пластика заедно со Младински Центар Охрид ви го претставуваат првиот (од се надеваме многуте) Еко пазар, место за продажба на стара и зачувана облека, играчки, книги, слики и сл.

Еко пазарот ќе даде можност да ги продадете своите стари алишта и предмети на оној којшто вистински сака да ги поседува наспроти носењето вреќи алишта онаму кадешто можеби не се потребни коишто потоа завршуваат по ѓубриштата. Ќе даде можност да ја тргнеме стигмата во врска со користењето алишта и предмети на втора рака. Ќе даде можност да се дружиме и да развиваме нови навики и светогледи во однос на начинот на којшто купуваме алишта и други предмети и како можеме да делуваме активно кон создавање на поздрава животна средина негувајќи ги принципите на реупотребата и т.н. бавна мода.

Вашето присуство најавете го на линкот за да може да обезбедиме тезга за вашите производи. Ве молам алиштата коишто ќе ги донесете да бидат чисти и уредно спакувани, а предметите или книги, играчки да бидат зачувани.

Собраните средства ќе се донираат за втора шанса за Александар!

2024 година преку МЦО бројки

Младински Центар Охрид е место каде се подготвуваат и спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјалниот и професионалниот живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите, согласно член 22 од Законот за младинско учество и младински политики.

Целта на постоењето на младинскиот центар Охрид е да обезбеди соодветен и безбеден простор каде ќе се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот во заедницата преку:

  • неформално образование: обучување и подучување на млади;
  • информирање, менторство, подучување и советување;
  • информално искуствено учење кое се случува во слободно време низ учество во забавни и волонтерски активности организирани за и од млади.

Младинскиот центар  е отворен секој работен ден и е достапен за младите најмалку 40 часа, распоредени во најмалку 5 дена неделно. Во овој период младите доаѓаат во Центарот, учествуваат во програмските активности и ги користат постојаните услуги, се дружат и ги користат достапните ресурси со поддршка на младинските работници од Центарот.

Во текот на 2024та година, тимот на Младински Центар Охрид организираше и реализираше едукативни работилници, семинари, обуки, културни настани, презентации, забави. Се вршеше промоција преку ИНФО ДЕНОВИ на отворени локации, во соработка со други организации и нивни настани; како и промоција по средните охридски училишта и факултетите во Охрид.

Настани кои ја одбележаа 2024та година во МЦО беа: Театарската претстава „Премотај и почни одново“ на младите од МЦО; Саемот за образование и кариера втора година по ред; Конференцијата за младинско претприемништво; Активностите повод Недела на млади; Денови на Младински Центри; Креативната летна школа итн.

Младински Центар Охрид во текот на 2024та година соработуваше со над 30 локални и национални организации, а тимот на Младински Центар Охрид учествуваше и на бројни обуки, семинари и конференции на национално и интернационално ниво.

И оваа година беше плодна за Младински Центар Охрид со над 80+ настани реализирани во текот на целата година, како и учество на над 30 настани/активности организирани од други организации и соработници.

Со ова најавуваме и бројни активности кои ќе следат во текот на 2025та година, како и доста новитети кои ќе ги откриеме во текот на годината.

Младински Центар Охрид е место каде се создаваат убави приказни од млади за млади, но со тоа и за целото наше општество!

[us_image_slider ids=”14855,14856,14857,14858,14859,14860,14861,14862,14863,14864,14868,14867,14866″]

Денови на Младински Центри 2024

[vc_row columns=”1″][vc_column][vc_column_text]

Во периодот од 19 до 21 декември 2024 година, во Младински Центар Охрид, по повод Денови на младински центри се одржа „Семинар за вмрежување и унапредување на МЛАДИНСКАТА РАБОТА“ на кој учествуваа претставници на младинските центри од: Младински Центар Битола, Младински Центар Кавадарци, Младински Центар Велес, Младински Центар Македонски брод, Youth and Community Center – Гостивар, Кризен центар „Надеж“, како и службениците за млади од Општина Струга и Општина Македонски брод.

Младинските работници од Младинските центри и Службениците за млади имаа можност за дијалог и размена на искуства и добри практики со цел унапредување на младинската работа и подобрување на можностите за младите.

Учесниците имаа можносгт да ја проследат панел дискусијата со Службениците за млади, да ги идентификуваат потребите на младинските центри и да дадат препораки за подобрување на квалитетот на работата на младинските центри.

Голема благодарност до учесниците на семинарот кои што придонесоа со своето искуство, знаење и енергија да имаме продуктивен и ефективен семинар.

[/vc_column_text][us_image_slider img_size=”us_1536_1536″ ids=”14817,14818,14819,14820,14821,14822,14823,14824,14825,14826,14827,14828,14829,14830,14831,14832,14833,14834,14836,14835″][/vc_column][/vc_row]