Коалиција на младински организации СЕГА објавува оглас за вработување на ентузијастичен и мотивиран Работник со млади.
Ако сте подготвени да го поттикнувате активизмот на младите, ова е вашата шанса да се придружите на нашиот динамичен тим.
Доколку сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим и да го поддржите активизмот и ангажманот на младите, испратете го вашето CV и мотивациско писмо на емаил: [email protected] најдоцна до 20 јуни 2025 година.
** Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Во склоп на хуманитарна акција на навивачите на Ливерпул од целата земја за фамилиите на настраданите деца од Кочани, која ќе се одржи во Restaurant and Beach bar Lychnidia на 11ти Мај(Недела) , ќе се одржи и Карате семинар за деца со Сенсеи Глигор Глигороски и Сенсеи Данко Глигороски во спортскиот центар Климент Колески на 10ти Мај(Сабота), од 12:00 часот во времетраење од 45 минути до максимум 1 саат. Децата ќе имаат можност да ги научат основите на каратето од реномирани тренери со големо искуство. Семинарот ќе биде бесплатен , со хуманитарен карактер. Сите присутни можат да донираат парични средства во кутија за донации кои подоцна, заедно со средствата собрани од главниот настан во недела ќе бидат уплатени на сметката на фамилиите на кои најмногу им требаат.
Организаторите Ве покануваат да бидете дел од овој настан и сите заедно да ја покажеме хуманоста на дело за нашите сограѓани погодени од несреќата во духот на нивното мото YOU’LL NEVER WALK ALONE ! Воедно вашите деца ќе се запознаат со една племенита спортска вештина , со чија примена се стекнува спортски дух , здраво тело и ум
Со задоволство ве информираме дека на 03 маj 2025 година во Охрид ќе се одржи настанот „Начинот на Чипан“: изложба + дискусија + публикација, организиран од колективот АРХРИД, со поддршка од Општина Охрид и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ.
Овој значаен настан има за цел да ја одбележи 70-годишнината од изградбата на Феријалното одморалиште во Охрид и објавувањето на книгата „Стара градска архитектура во Охрид“ од Борис Чипан, како и да ги промовира резултатите од интернационалниот архитектонски конкурс „Наутички клуб – Охрид“.
Настанот опфаќа богата програма со две панел-дискусии, изложба и публикација, при што учесници ќе бидат реномирани архитекти, професори и конзерватори кои ќе разговараат за архитектонското наследство и неговата иднина.
„Empowering Western Balkan Youth for a Greener Future“ е проект кој Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува во партнерство со Friends of Korca Албанија и Center for Sustainable development Црна Гора, дел од програмата RYCO! 🌍
Овој проект има за цел да ги зајакне младите лидери од Западен Балкан во нивната борба за обновлива енергија и одржлив развој.
Преку вебинари за едукација, практични обуки, интеркултурни размени, соработка и застапување, заедно ќе придонесеме подобра иднина за нашата заедница и планета! 💡✨
Првиот вебинар “Western Balkans’ transition to a green economy” ќе се реализира на 30 април 2025 со почеток во 12.00 часот и со времетраење од не повеќе од 3 часа.
Во рамките на проектот „СајберШтит: Омоќени граѓани за сајбер отпорност“, Фондација Метаморфозис активно работи на зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за сајбер безбедност во поддршката на нивните конституенти, особено ранливите групи, за да ја зголемат нивната отпорност на сајбер закани и да практикуваат редовна сајбер хигиена. Како дел од активностите за подобрување на познавањата од полето на сајбер безбедноста, Фондација Метаморфозис планира две еднодневни обуки за претставници на граѓанските организации и граѓански активисти.
Една обука ќе се одржи на 7-ми мај 2025 година, додека уште една обука ќе се одржи на 4-ти јуни 2025 година. Двете обуки ќе се одржат во Скопје, во канцелариите на Фондација Метаморфозис. За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје ќе бидат подмирени патни трошоци во висина на повратен автобуски билет.
Организациите кои ќе бидат дел од обуките ќе имаат можност да се пријават за менторство за дизајнирање на персонализирани планови за дигитална безбедност, со цел да се зајакнат нивните капацитети и да се поттикне ефектот на зајакнување на колективната отпорност на сајбер закани преку овие омоќени активисти.
Пријавувањето на учесници е до 1-ви мај 2025 година.
И оваа година повторно ќе се оддржи тркачка авантура на Охрид Ултра-Треил – https://ohridultratrail.com/ низ падините на Националниот парк Галичица, а за да се постигне врвна организација секако најважната алка сте токму вие – ВОЛОНТЕРИТЕ.
Граѓанскиот ресурсен центар ги кани сите заинтересирани граѓански организации и граѓански активисти да учествуваат на Работилница за волонтерство и развивање на програма за волонтирање. Работилницата ќе се оддржи онлајн на 06-07 мај 2025 година.
По завршување на работилницата, ќе следат последователни менторски активности со обучените организации за да се поддржи волонтерството во нивните организации!
Општина Охрид во соработка со Бисер Импорт Охрид, а имплементатори Младински Центар Охрид и Локален Младински Совет
Млад си и сакаш нов велосипед? Сега е вистинскиот момент!
Благодарение на донацијата од фирмата Бисер Импорт Охрид, во соработка со Општина Охрид, Младински Центар Охрид и Локалниот младински совет, обезбедени се 575 ваучери за велосипеди во различни вредности.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?
Сите млади до 29 години
За малолетни лица, пријавата ја пополнува родител или старател
ВИДОВИ НА ВАУЧЕРИ:
🚲 150 ваучери од 1.000 ден. – за велосипеди до 5.000 ден.
🚲 150 ваучери од 1.500 ден. – за велосипеди од 5.000 до 7.999 ден.
🚲 150 ваучери од 2.000 ден. – за велосипеди од 8.000 до 12.000 ден.
🚲 100 ваучери од 3.000 ден. – за велосипеди над 12.000 ден.
⚡ 25 ваучери од 7.000 ден. – за електрични велосипеди
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Пријавувањето трае до 1ви мај 2025 година или до исцрпување на ваучерите.
Доделувањето е по принципот: „Прв дојден – прв услужен.“
Апликацијата е електронска и автоматски се затвора кога ќе се пополнат сите ваучери во соодветната категорија.
ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО:
Апликантите мора да бидат жители на Општина Охрид
Секој апликант може да добие само еден ваучер
Ваучерите не можат да се пренесуваат на други лица
Да бидат на возраст до 29 години
Ваучерите се подигаат лично во просториите на Бисер Импорт, ул. Егејска бр. 4, Охрид.
Со пополнување на апликацијата, апликантите даваат согласност нивните лични податоци да бидат собрани, обработени и користени само за потребите на овој повик, согласно Законот за заштита на лични податоци.
🚲 Вози кон поздрава, позелена и поактивна иднина – аплицирај денес!