ПАС Скопје поканува предлози за програми кои ги зајакнуваат врските меѓу луѓето меѓу САД и Северна Македонија преку културна и размена на програми кои ги истакнуваат заедничките вредности и промовираат билатерална соработка.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:
Регистрирани непрофитни организации, вклучувајќи граѓански/невладини организации со искуство во програмирање
Финансиска поддршка за грасрут и младински граѓански организации кои ги вклучуваат граѓаните
ИЗВОР НА ФИНАНСИРАЊЕ:
ЕУ
КРАЕН РОК:
01.08.2024 до 16:00 часот
ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА:
Програмата за мали грантови на СЕЛДИ има за цел да го зајакне придонесот на граѓанските организации од целните земји во борбата против корупцијата и нивното вклучување во циклусот на застапување и влијание на политиките на СЕЛДИ, преку финансиска поддршка на граѓанските организации, вклучувајќи и грасрут и младинските организации, активни против корупцијата.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:
•Да биде непрофитна организација
•Да биде граѓанска организација во согласност со различните законски барања за регистрација во целните земји
•Да има правен субјективитет и да биде активен во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата, транспарентноста и доброто управување
•Да биде основана и активна во Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Северна Македонија, Црна Гора и Србија)
•Да биде директно одговорна за подготовката и управувањето со проектот, со ко-апликантот (доколку го има), и да не дејствува како посредник
Целта на грантовите за филантропија е да ги поддржат локалните чинители во мобилизирање на локалните ресурси за долгорочен развој на заедницата и решавање на локалните проблеми.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:
•Сите заинтересирани домашни граѓански организации со активен статус формирани согласно Законот за здруженија и фондации што се регистрирани најмалку 6 месеци пред објавата на овој повик (грант 1)
• Сите заинтересирани домашни младински организации водени од млади со активен статус формирани согласно Законот за здруженија и фондации што се регистрирани пред објавата на овој повик, младински групи и млади дел од училишни заедници/младинските совети (најмалку 3 млади како тим). (грант 2)
Програми за подигање на јавната свест за управување со отпад
ИЗВОР НА ФИНАНСИРАЊЕ:
Европска Комисија
КРАЕН РОК:
16.07.2024 до 16:00 часот
ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА:
Глобалната цел на овој повик за предлози е да се подобри управувањето со отпадот во регионот на Преспа во согласност со стандардите и принципите на ЕУ.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:
Непрофитни правни лица.
Специфични типови на организации како: невладини организации, оператори од јавниот сектор, локалната власт, меѓународна организација како што е дефинирано во член 156 од Финансиската регулатива на ЕУ
Организацијата да биде основана во Северна Македонија најмалку 2 години пред датумот на објавување на овој повик за предлози
Организацијата да биде директно одговорна за подготовката и управувањето со акцијата со ко-апликантот(ите) и поврзаните ентитети, не дејствувајќи како посредник.
Почитувани, Младински Центар Охрид, на ден 24.05.2023 (среда) ќе организира настан, односно Саем на невладини организации од граѓански сектор кои ќе ги промовираат своите програми пред младите и граѓаните со цел промовирање волонтерски можности за летниот период.
Ги повикуваме сите млади кои имаат желба да бидат активни на одредени настани кои самите ќе си ги одберат, да бидат активни на подолг период или пократок самите одлучуваат, да дојдат на саемот и да си одберат како ќе го поминат своето слободно време и ќе се надоградуваат како личности.Настанот ќе се одржи на плоштадот Христо Узунов (кај Александрија), од 12ч до 14ч.
На саемот ќе учествуваат: Младински Центар Охрид, Културолошка Иницијатива 5 до 12, Архрид, Енхелеус Лихнид, Охрид трчаТ, Охрид Ултра Треил, СупКлуб, Касарна Хаб, Црвен Крст Охрид.Ги повикуваме сите заинтересирани организации кои се од невладин сектор, а сакаат да учествуваат со свој штанд на саемот, да се пријават на тел.бр.: 078/413-946.
[vc_row][vc_column][vc_column_text]Младински Центар Охрид, на ден 07.04.2023 година (петок) организира хуманитарен настан „Од срце за Бојан Крстески“ кој ќе се одржи на полигонот од поранешната Касарна Охрид.
Настанот е исто така поддржан од: Касарна Хаб, Malche Sound Production, Shilla, Пекара Илинче, Сендвичара Палма, Фризерски салон Младен.
Активности ќе има преку целиот ден, урбана уметност, пинг понг турнир, серва, шах, јамб, уно итн., а од 15 до 19ч ќе се пушта музика на звучници, DJ set на DJ Martino.
Да помогнеме, да бидеме хумани!
Со почит,
Младински Центар Охрид[/vc_column_text][us_image image=”10987″][/vc_column][/vc_row]