Category: Организации за млади

Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри – Промоција на Младински Центри

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Во склоп на Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри продолжуваме со промоција на центрите кои фигурираат во Македонија.
Младински Центар Битола – Започна со работа во 2023 година и истиот функционира преку соработка на три организации: Сфера Интернационал, ИМКА и МКЦ.
Неговото мото е – Место за можности и потенцијали.
Локациран е кај поранешen „Бизнис инкубатор“ во МЗ „Велко Влаховиќ“ на улицата „Крушево“ бр.5 – во центарот на градот.
Секоја организација предложува различни програми и го обезбедува секој аспект од развојот што им е потребен на младите.
Работи на програми за: образовна поддршка, рекреативни активности, ангажирање на младите и неформално образование.
Тимот се состои од сертифицирани младински работници.
Инспирирај! Активирај! Промени!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14297″][/vc_column][/vc_row]

Tags:

СТУДИЈА „ИНТЕРКУЛТУРНО И ДИГИТАЛНО ИСКУСТВО: КЛУЧНИ ФАКТОРИ ЗА МЛАДИНСКО АНГАЖИРАЊЕ“ на Коалиција СЕГА

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Со задоволство ја споделуваме со вас студијата за интеркултуралност, резултат на долга посветена соработка, насловена: „Интеркултурно и дигитално искуство: клучни фактори за младинско ангажирање?“ – Изготвена од страна на Коалиција на младински организации СЕГА.

Прочитајте ја студијата на следниот линк: https://www.eclosio.ong/wp-content/uploads/2024/06/Etude-Connexion-s_EN.pdf

Оваа студија се фокусира на истражување за интеркултуралноста од различни перспективи како доживувања и обликувања од различни актери: без разлика дали се научници, политичари, граѓанско општество или, поконкретно, млади луѓе и младински работници.

Како цел на оваа студија е да го анализираме степенот до кој интеркултуралноста, особено кога е олеснета со дигиталната технологија, може да поттикне подлабок општествен ангажман кај младите. Контекстот на повеќе земји на оваа публикација, исто така, ни овозможи да ги сфатиме поимите за интеркултуралност во различните национални контексти.

Оваа студија е спроведена од Олфа Чедли од Eclosio (Белгија), во соработка со Engagé-e-s & Déterminé-e-s (Франција), Тунискиот форум за зајакнување на младите (Тунис) и Коалиција на младински организации СЕГА (Северна Македонија), како дел од проектот Connextion, финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Комисија.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14204,14205,14206,14207,14208″][/vc_column][/vc_row]

Културолошка Иницијатива 5 до 12

  • Културолошка Иницијатива 5 до 12 е проект започнат од страна на млади индивидуалци под капата на Здружението на граѓани НАТГ „Аматер“.
  • Наредната година здружението слави јубилеј од 10 години постоење и за тоа време има остварено:
    • 6 аматерски театарски претстави; 
    • Активно учество на реномираните државни фестивали како „Охридско лето“, „Поетска ноќ во Велестово“ итн.
    • Повеќе литературни промоции;
    • Изминатите 4 години успешна реализација на проектот „Културолошка иницијатива 5 до 12“ во Охрид.
    • 3 сезони на охридскиот подкаст „Имам нешто да ти кажам“ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ:
    • Подигнување на културната свест во градот Охрид;
    • Промоција на млади артисти, аматери и создавање платформа преку која ќе се изразуваат;
    • Охрид да стане европски град на културата, урбаната уметност и спортот;
    • Збогатување на културната програма која градот ја нуди во летниот период и придонес домашните и странските гости да се запознаат со природното и културно наследство на Охрид;
    • Мултиетничка интеграција, кохезија и социјализирање преку културните настани кои ќе значат ослободување од стегите и стереотипите на едно заглавено, летаргично и табу општество какво што е нашето;