Ве покануваме на креативна велигденска работилница, на 16 април (среда), со почеток од 14 часот во просториите на Младински Центар Охрид.
Ќе изработуваме велигденски декорации – кошнички за јајца и други креативни изненадувања! 🧺✨
Подготви се за доза уметност и празнично расположение!
💌 Пријави се со порака во нашето инбокс – работилницата е отворена за сите што сакаат да твореаат и уживаат во празничен дух.
[vc_row][vc_column][vc_column_text]Вака ни беше на втората сесија од Кариерното советување во МЦО – инспиративно, фокусирано и исполнето со практични активности!
👣 Следниот чекор ни е третата и последна средба од оваа мини-серија, која ќе се одржи во среда, 16.04.2025 во 18:00ч, Activity Room – МЦО.
🎯 Марија Коваческа ќе ве води кон финалните чекори за креирање на личен кариерен план, градење мотивација и самодоверба.
📍 Ви благодариме што сте дел од ова кариерно патување – се гледаме во среда! 💬[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15229,15230,15231,15232,15233,15234,15235,15236,15237,15238″][/vc_column][/vc_row]
Општина Охрид во соработка со Бисер Импорт Охрид, а имплементатори Младински Центар Охрид и Локален Младински Совет
Млад си и сакаш нов велосипед? Сега е вистинскиот момент!
Благодарение на донацијата од фирмата Бисер Импорт Охрид, во соработка со Општина Охрид, Младински Центар Охрид и Локалниот младински совет, обезбедени се 575 ваучери за велосипеди во различни вредности.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?
Сите млади до 29 години
За малолетни лица, пријавата ја пополнува родител или старател
ВИДОВИ НА ВАУЧЕРИ:
🚲 150 ваучери од 1.000 ден. – за велосипеди до 5.000 ден.
🚲 150 ваучери од 1.500 ден. – за велосипеди од 5.000 до 7.999 ден.
🚲 150 ваучери од 2.000 ден. – за велосипеди од 8.000 до 12.000 ден.
🚲 100 ваучери од 3.000 ден. – за велосипеди над 12.000 ден.
⚡ 25 ваучери од 7.000 ден. – за електрични велосипеди
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Пријавувањето трае до 1ви мај 2025 година или до исцрпување на ваучерите.
Доделувањето е по принципот: „Прв дојден – прв услужен.“
Апликацијата е електронска и автоматски се затвора кога ќе се пополнат сите ваучери во соодветната категорија.
ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО:
Апликантите мора да бидат жители на Општина Охрид
Секој апликант може да добие само еден ваучер
Ваучерите не можат да се пренесуваат на други лица
Да бидат на возраст до 29 години
Ваучерите се подигаат лично во просториите на Бисер Импорт, ул. Егејска бр. 4, Охрид.
Со пополнување на апликацијата, апликантите даваат согласност нивните лични податоци да бидат собрани, обработени и користени само за потребите на овој повик, согласно Законот за заштита на лични податоци.
🚲 Вози кон поздрава, позелена и поактивна иднина – аплицирај денес!
Наредна средба на Медија Клуб на тема „Основи на новинарство и пишување текстови“. На 10.04.2025 година (четврток), со почеток од 18:45 часот во просториите на Младински Центар Охрид.
Овој пат ќе се задлабочиме во светот на новинарството – ќе учиме како се гради новинарски текст, кои се клучните елементи на една вест, што е веродостојност и како се пишува за да се привлече внимание.
Гостинка на оваа средба е Марија Наумоска, студентка на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, и членка на Уредничкиот одбор на студентското списание In medias res.
Подготвени сме за инспиративна и практична сесија што ќе нè доближи до вештините на современото информирање!
Како да ја избереш вистинската насока за својата кариера?
Што ако не знаеш каде да почнеш?
Токму затоа организираме БЕСПЛАТНО Кариерно советување во Младински Центар Охрид!
Ќе научиш како да ги истражиш можностите
Ќе изградиш самодоверба во носење клучни одлуки
Ќе создадеш јасен акциски план за твојата кариера
Работилниците ќе ги води Марија Коваческа – меѓународно сертифициран советник за развој на кариера, со долгогодишно искуство во поддршка на млади во нивниот професионален пат.
Датуми: 9, 10 и 16 април | 18:00ч
Локација: Младински Центар Охрид
За кого? Средношколци, студенти, млади во потрага по кариера
Работилниците се поврзани и учесниците треба да присуствуваат на сите три сесии за да го добијат целиот пакет на знаења и вештини!
Бројот на места е ограничен! Пријави се на линкот:
Граѓанскиот ресурсен центар подготвува месечни прегледи на отворени повици и можности за финансирање на граѓанските организации од различни извори. Месечните прегледи ги испраќа до целата маилинг листа на организации. Ова придонесува кон навремено информирање на организациите и зголемување на нивните можности за аплицирање за финансиска поддршка и за нивна одржливост.
Младински совет Прилеп во рамки на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“, организира обука за „Лобирање, Застапување и Антикорупциски практики“ со цел учесниците да стекнат вештини за следење на политиките, стратешка комуникација и креирање локални акциони планови за застапување кои ќе можат да ги имплементираат во нивните заедници.
За време на обуката учесниците ќе изготват акциони планови за застапување кои ќе промовираат транспарентност и одговорност во нивните заедници. Најдобрите 5 планови ќе бидат поддржани со финансиски средства на проектот за да се осигура нивно спроведување.
CARE Balkans, во рамки на проектот Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан (EWI), финансиран од Австриската агенција за развој (ADA) објавува јавен повик за доделување грантови
Две одбрани организации ќе добијат можност за зајакнување на капацитетите преку финансиска поддршка од 10.000,00 евра по организација, како и обуки за изградба на капацитети со цел активно учество во проектните активности насочени кон жените.
Заинтересираните граѓански организации треба да ја достават пополнетата апликација заедно со бараната документација најдоцна до 17.04.2025 година
Во саботата на 5-ти април, плоштадот „Крушевска Република“ го исполнивме со креативност, одржливост и добра енергија! На нашиот ЕКО БАЗАР, граѓани од Охрид и околината имаа можност да продаваат и купуваат облека од втора рака, рачни изработки, книги и многу уникатни креации.
🤝 Базарот имаше и хуманитарен карактер – сите собрани средства се наменети за малиот Петар, со цел да му помогнеме да ја добие неопходната медицинска помош.
Овој настан уште еднаш покажа дека одржливиот начин на живот е можен – и може да биде забавен, инспиративен и полн со заедништво.
💚 Благодарност до сите изложувачи, ученици, наставници посетители и поддржувачи што беа дел од овој ден – продолжуваме да градиме посвесна и позелена заедница!
Оваа активност е дел од проектот Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија”, финансиран од Европската унија и имплементиран од People in Need (PIN), АРНО, ЛЕАД и Ековита.
[vc_row][vc_column][vc_column_text]На последната средба на Медија Клубот во Младински Центар Охрид имавме можност да се запознаеме со основите на фотографијата, водени од професионалната фотографка Анамарија Момироска, дел од тимот на OhridNews.
Во првиот дел од сесијата, Анамарија нè воведе во важни принципи на фотографирање – како кадрирање, концептот на третини, избор на композиција и фокус, и ни покажа дел од своето фотографско портфолио.
✨ Потоа, членовите на клубот имаа можност самите да фотографираат и да се запознаат одблизу со работата со фотоапарат, експериментирајќи со различни објекти и сцени. Разговаравме и за тоа како светлината, боите и аголот влијаат на емоцијата и пораката на една фотографија.
Остануваме инспирирани и со уште повеќе желба да откриваме нови медиумски вештини![/vc_column_text][us_image_slider ids=”15174,15175,15176,15177,15178,15179,15180,15181,15182,15183,15184″][/vc_column][/vc_row]