Author: MC Ohrid

Оглас за вработување фармацевт со лиценца во Зегин

Зегин ДОО има потреба од фармацевт со лиценца.

Бенефиции:

  • 50.000 ден бонус за добредојде
  • Солидна плата по договор + месечен бонус од реализација
  • За најдобрите вработени – наградно патување
  • Ментор за обука и воведување во работата
  • Пријатна работна атмосфера и тимско работење
  • Настани и активности за добросостојба на вработените (employees wellbeing)
  • Протокол за грижа на здравјето – “здравјето на вработените е наш приоритет”
  • Програма за препораки – “биди и ти награден за нов член во нашата компанија”

Пријавување до: 26.09.2025 година.

Повеќе информации на следниот линк.

Оглас за вработување продажен персонал – Рамстор

Маркет Рамстор има потреба од продажен персонал.

Бенефиции:

  • Можност за кариерен развој
  • Конкурентна плата
  • Месечен бонус
  • Бонус за редовност
  • Картичка за попуст
  • Обезбедена обука за работните процес
  • Плаќање на минат труд
  • Плаќање на стаж за лојалност во Рамстор
  • Платена работа за празник, прекувремена работа и работа во недела
  • Бесплатно колективно осигурување
  • Дополнителен ден за годишен одмор за лојални вработени
  • Можност за вработување во најблискиот Рамстор до местото на живеење

 Пратете апликација на: [email protected]
📞 Контактирајте не на телефонскиот број: 071/393-205

Пријавување до: 01.10.2025 година.

Повеќе информации на следниот линк.

Оглас за продажен персонал – Жито Маркети

Жито Маркети Охрид има потреба од продажен персонал.

Бенефиции:

  • Ваучер за склучен брак

  • Подарок за роденден

  • Пакет за новороденче

  • Пријатна работна атмосфера

  • Пакет производи за верски празници

  • Личен и професионален развој

  • Платено колективно осигурување

  • Регрес поголем од минималниот.

Аплицирај на:  [email protected] или контакт телефон  +389 75 425 608

Пријавување до: 07.10.2025 година.

Повеќе информации на следниот линк.

Оглас за вработување касиери/ки – Кам

СИЕРИ, Охрид

Бидете дел од #КАМТИМ

Бенефиции:

  • Личен и професионален развој
  • Пријатна работна атмосфера

  • Ротирање, речиси 3 пати поголем од законски пропишаното

  • Колективно осигурување

  • Бонус за препорачан пријател за работа

  • Слободен ден за роденден

  • Слободен ден за лојалност

  • Ваучер за склучен брак

  • Ваучер за спортска опрема

  • Празничен ваучер

  • Картичка за спорт

  • Пакет за новороденче

  • Училишен пакет (производи за почеток на учебната година)

  • Пакет производи за верски празници согласно вероисповед

  • Попуст за одмор во хотел Village (Охрид)

  • Превоз за вработени надвор од населеното место

  • Новогодишен пакет за деца до 10 г.

КАМ ФАКТИ:

  • 19,6% од вработените во КАМ се вработени преку акцијата „Доведи пријател“

  • Преку развиена програма за обука на раководни лица, во КАМ кариера започнуваат и луѓе без претходно работно искуство

  • Преку проектот за дуално образование КАМ дава значителна поддршка за развој на образовниот систем во средните училишта

 

Ако сакаш да си дел од најмоќниот #КАМТИМ според твоите вредности со нас и пријави се онлајн на:
 kam-kariera.mk 

Пријавување до: 01.10.2025 година.

Повеќе информации на следниот линк.

Оглас за вработување возач – дистибутер

Поради зголемениот обем на работа, компанијата Крис и Том сака да го прошири својот тим.

Опис на работно место:

  • Достава на роба.
  • Вршење наплата на доставената роба.

Од вас очекувавме:

  • Одлични комуникациски вештини,
  • Самоиницијатива и желба за учење,
  • Флексибилност и снаодливост во стресни ситуации,
  • Склоност кон тимска работа,
  • Искреност и доверливост

Квалификации:

  • Задолжително поседување на возачка дозвола “В” категорија (активен возач),
  • Познавање на работа на компјутер,
  • ССС

Ние ви нудиме:

  • Редовна плата и развој во здраво и професионално опкружување,
  • Работа во стабилна и растечка компанија,
  • Награда за труд и работа

Пријавување до: 04.10.2025 година.

Повеќе информации на следниот линк.

Креативна Работилница по повод Денот на Мирот

По повод Ден на мирот (21 септември), Младински Центар Охрид организира креативна работилница на ден 18.09.2025 година (четврток), со почеток од 11 часот.

Во чест на Денот на мирот, ќе создадеме креативни и инспиративни изработки кои ќе го одразуваат духот на единство и мир. Заедно да испратиме силна порака за мир во светот.

Приклучи се на ден исполнет со уметност и позитивни вибрации!

📅 Четврток, 18.09.2025
🕑 11:00 часот
📍 Младински Центар Охрид

Пријави се со порака.
Те очекуваме!

22ри септември – Светски ден без автомобили! – Охрид Без Автомобили

Младински Центар Охрид со акција по повод Светскиот ден без автомобили – 22ри септември

По повод 22ри септември – Светскиот ден без автомобили, Младински Центар Охрид ја упатува пораката до охридската јавност да се приклучи на глобалната иницијатива и барем еден ден да се обидеме да живееме без автомобил.

Центарот ги повикува сите млади и граѓани:

  • да избегнат користење автомобил на 22ри септември (доколку се во можност),

  • до училиштата, факултетите или работните места да стигнат пеш, со велосипед, со јавен превоз и слично,

  • да направат фотографија од своето алтернативно патување и да ја споделат на социјалните мрежи со хаштаг #ОхридБезАвтомобили, како и да го тагираат Инстаграм профилот на Центарот @mladinskicentar_opstinaohrid.

Со оваа акција Младински Центар Охрид сака да потсети дека малите промени во секојдневието придонесуваат кон поздрави навики, почист воздух и поодржлива иднина за градот.

Join the English Skills Club @MCO

Ready to level up your English in a fun and creative way?

We’re launching TWO exciting clubs for youth who want to improve their English skills while making new friends:

 English Conversation Club
Practice your speaking skills through games, discussions, and interactive activities. Build confidence and fluency in a relaxed, friendly space!

 English Creative Writing Club
Unleash your imagination through storytelling, poetry, and creative exercises. Explore your voice in English and bring your ideas to life!

Sign up now and complete the survey by Sunday, September 14th, 2025 to reserve your spot.
For youngsters aged at least 12 years old.
Spaces are limited, so don’t wait!

Sign up here!

НЕДЕЛА НА МЛАДИ 2025

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

11-15 август | Младински Центар Охрид

Трета година по ред организираме Недела на млади по повод 12-ти август – Меѓународниот ден на младите. Овие пет дена ќе бидат исполнети со креативност, музика, филм, младински глас и инспирација!

Програмата ќе вклучува:

  • Ликовни и музички школи

  • Вечерни концерти и DJ сетови

  • Проекции на кратки филмови и мастеркласови

  • Утринска јога и дискусии за историјата и иднината

Посебен акцент ќе биде ставен на 12-ти август, Меѓународниот ден на младите, со вечерна програма која ќе слави млади таленти, идеи и искуства од Европа до Охрид.

Сите активности се бесплатни и отворени за сите млади, како и за сите кои се млади по дух.

Следете не, дојдете, вклучете се и да ја направиме оваа недела незаборавна!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15438,15439,15440,15441,15442,15443,15444,15445″][/vc_column][/vc_row]

Пријава за волонтери – Недела на млади

Младински Центар Охрид по повод 12-ти август, Светски ден на млади, организира серија на активности од 11ти до 15ти август. За да ја направиме оваа недела уште позабавна и поуспешна, ни треба твоја помош!

Што бараме?
Волонтери на возраст од 15 до 29 години кои ќе бидат дел од тимот и ќе помогнат во организација на работилници, настани и други активности.

Зошто да се пријавиш?

  • Се среќаваш со нови луѓе
  • Го развиваш твоето лидерство и тимска работа
  • Помагаш во организирање на важен настан за младите!

 

Пријави се и стани дел од оваа прекрасна иницијатива!

Последен рок за пријавување: 10ти август 2025 година