КултураОХРИД СЕГА
47

Премиерна проекција на филмот „Уште една игра“ на Кино „Четврток“

Во рамките на програмата Кино „Четврток“, во Охрид на 12ти март 2026 година ќе се одржи премиерната проекција на драмата Уште една игра.

Филмот ја раскажува приказната за Мартин, 16-годишно момче од Чучер-Сандево кое сонува да стане професионален гејмер. Кога неговиот најдобар пријател Димитар добива можност да се пријави на селекција за една од најдобрите eSports екипи во Европа, Мартин ја гледа оваа шанса како можност да го направи својот прв голем чекор кон сонот. Но патот кон успехот носи предизвици, тестови за пријателството и соочување со реалноста.

Филмот е во режија и сценарио на Nick Janssen, а во главните улоги настапуваат Петар Маниќ, Ведран Чешарек и Тони Михајловски.

Проекцијата ќе се одржи во просториите на Филмски институт Фиофа во Охрид, со почеток во 20:00 часот. Вратите за публиката ќе бидат отворени од 19:30 часот, а по започнувањето на проекцијата влезот во салата ќе биде затворен.

Цената на билетот изнесува 200 денари.
Билетите пред проекцијата може да се набават во Кафе и бар Шила.

Кино „Четврток“ е иницијатива која има за цел да ја врати кино културата во Охрид и да понуди редовна филмска програма за публиката во градот. 🎬

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави