КултураОХРИД СЕГА
88

Проекција на играниот филм „Диџеј Ахмет“ во Охрид

Сите љубители на филмот овој четврток може да уживаат во проекција на играниот филм „Диџеј Ахмет“, која ќе се одржи на 19ти февруари 2026 година во просториите на Филмски институт ФИОФА – Охрид, при Универзитетот „Св. Апостол Павле“.

„Диџеј Ахмет“ ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет, Јурук од едно оддалечено македонско село, кој спасот и слободата ги пронаоѓа во музиката. Додека се соочува со притисоците на семејните очекувања, конзервативната средина и забранетата љубов кон девојка што му е ветена на друг, Ахмет се обидува да го изгради својот идентитет и да го пронајде сопствениот глас.

Филмот отвора теми за растењето, припадноста и судирот меѓу личните соништа и правилата на заедницата, нудејќи интимна и емотивна приказна за млад човек што се бори за својата слобода.

Режијата и сценариото се на Георги М. Унковски, а во главните улоги настапуваат Ариф Јакуп, Агуш Агушев и Дора Акан Златанова.

Детали за настанот:

  • 📅 Датум: 19.02.2026

  • 🚪 Влез отворен од: 19:30 часот

  • 🕗 Почеток на проекцијата: 20:00 часот (по почетокот, вратите се затвораат)

  • 📍 Локација: Филмски институт ФИОФА – Охрид (Универзитет „Св. Апостол Павле“)

  • 🎟️ Цена на билет: 200 мкд

  • ⚠️ Местата се ограничени

Картите може да се набават во Кафе Бар Шила до денот на проекцијата.

Проекцијата се реализира во организација на Културолошка иницијатива 5 до 12.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави