ЕкологијаОХРИД СЕГА
14

22ри септември – Светски ден без автомобили! – Охрид Без Автомобили

Младински Центар Охрид со акција по повод Светскиот ден без автомобили – 22ри септември

По повод 22ри септември – Светскиот ден без автомобили, Младински Центар Охрид ја упатува пораката до охридската јавност да се приклучи на глобалната иницијатива и барем еден ден да се обидеме да живееме без автомобил.

Центарот ги повикува сите млади и граѓани:

  • да избегнат користење автомобил на 22ри септември (доколку се во можност),

  • до училиштата, факултетите или работните места да стигнат пеш, со велосипед, со јавен превоз и слично,

  • да направат фотографија од своето алтернативно патување и да ја споделат на социјалните мрежи со хаштаг #ОхридБезАвтомобили, како и да го тагираат Инстаграм профилот на Центарот @mladinskicentar_opstinaohrid.

Со оваа акција Младински Центар Охрид сака да потсети дека малите промени во секојдневието придонесуваат кон поздрави навики, почист воздух и поодржлива иднина за градот.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави