11-15 август | Младински Центар Охрид
Трета година по ред организираме Недела на млади по повод 12-ти август – Меѓународниот ден на младите. Овие пет дена ќе бидат исполнети со креативност, музика, филм, младински глас и инспирација!
Програмата ќе вклучува:
-
Ликовни и музички школи
-
Вечерни концерти и DJ сетови
-
Проекции на кратки филмови и мастеркласови
-
Утринска јога и дискусии за историјата и иднината
Посебен акцент ќе биде ставен на 12-ти август, Меѓународниот ден на младите, со вечерна програма која ќе слави млади таленти, идеи и искуства од Европа до Охрид.
Сите активности се бесплатни и отворени за сите млади, како и за сите кои се млади по дух.
Следете не, дојдете, вклучете се и да ја направиме оваа недела незаборавна!