Младински Центар Охрид по повод 12-ти август, Светски ден на млади, организира серија на активности од 11ти до 15ти август. За да ја направиме оваа недела уште позабавна и поуспешна, ни треба твоја помош!
Што бараме?
Волонтери на возраст од 15 до 29 години кои ќе бидат дел од тимот и ќе помогнат во организација на работилници, настани и други активности.
Зошто да се пријавиш?
- Се среќаваш со нови луѓе
- Го развиваш твоето лидерство и тимска работа
- Помагаш во организирање на важен настан за младите!
Пријави се и стани дел од оваа прекрасна иницијатива!
Последен рок за пријавување: 10ти август 2025 година