Креативна работилница по повод Ден на аутизмот
[vc_row][vc_column][vc_column_text]Вчера, 2ри март, заедно со Инклузивна игротека „Радост“, реализиравме креативна работилница по повод Меѓународниот ден на лицата со аутизам (2ри април).
Заедно создадовме симболично дрво со лисја од сложувалка – претставувајќи уникатност, комплексност и инклузија!
Подготовките се одвиваа во Младински Центар Охрид, а работилницата се реализираше во просториите на Инклузивната игротека „Радост“. Учествуваа децата кои редовно ја посетуваат игротеката, како и членовите на Креативниот клуб од Центарот. Активноста ја водеа младински работници, специјални едукатори, рехабилитатори и негуватели.
Заедно градиме свет во кој сите се прифатени! [/vc_column_text][us_image_slider ids=”15152,15154,15155,15156,15157,15158,15159,15160,15161,15162,15163″][/vc_column][/vc_row]