Креативна Летна Школа и РЕ КРЕ АРТ

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

На 01.07.2024 и 02.07.2024 во Младински Центар Охрид се реализираа работилници за креации од ткаенина кои го бележеа и почетокот на Креативната Летна Школа како и низата работилници на Ре Кре Арт во соработка со Beach Film Festival.
Учесниците имаа можност од стара облека да изработат торби за пазарење со што се стави акцент на рециклирање и реупотреба на старите и искористени ресурси и им се даде нова намена на еден креативен и забавен начин.
На истата беа присутни учесници од охридските и скопските основни училишта во соработка со Helen Doron English Ohrid.
Креативната Летна Школа продолжува со најразлични креативни работилници за најмладите!
Stay tuned!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14242,14243,14244,14245,14246,14247,14248,14249,14250″][/vc_column][/vc_row]