По повод 9 декември – Меѓународниот ден за борба против корупција во Младински Центар Охрид се одржа едукативна работилница на тема ,,Млади против корупција”.
Учесниците дискутира за тоа колку младите се запознаени со поимот корупција, видовите и типовите на корупција, како може да се препознае и најважно како може да се спречи истата.
На работилницата учествуваа вкупно 30 ученици од три средни училишта од Општина Охрид. Истата ја водеше Иво Ристески – младински работник во МЦО.
Учениците покрај формалното образование кое се реализира преку наставно-образовниот процес, во Младинскиот Центар имаат можност да бидат вклучени и во процесот на неформално образование со цел да ги надополнат и доизградат знаењата.
„Без разлика колку корумпирани, алчни и без срце нашата влада, нашите институции, нашите медиуми и нашите религиозни и добротворни институции може да станат, младоста сé уште ќе биде прекрасна.“