Tag: #YouthDay #YouthActivism #InternationalYouthDay #12august #GreenSkills #CreativeOfTheDay #Creativness #Inspiration #YouthPower #Youth #НеделаНаМлади #ДенНаМлади #Млади #АктивниМлади

Недела на млади во Младински Центар Охрид, втора година по ред!

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

 
Недела на млади во Младински Центар Охрид, втора година по ред! 🙌👫🙋‍♀️
 
Meѓународниот ден на младите (IYD), назначен од Обединети Нации се одржува секоја година на 12ти август како ден за подигање на свеста за одредени културни и правни прашања околу младите.
 
  • Темата за Меѓународниот ден на младите 2024 година (12 август) е „Од кликови до напредок: Младински дигитални патишта за одржлив развој“. Оваа тема ја нагласува клучната врска помеѓу дигитализацијата и забрзувањето на напредокот на Целите за одржлив развој (ЦОР), нагласувајќи го клучниот придонес на младите во овој трансформативен процес.

 

По повод овој значаен ден и оваа година МЦО подготви  низа настани на различни локации во Охрид со цел младите да се поврзат, забавуваат, да ја разбудат својата креативност и да научат некоја нова вештина. 😎🥳

Планирани се работилници, забавни игри, проекции, ДЈ сет, музички бенд, изложба, летна школа итн.

Ќе ни биде особена чест доколку ги посетите настаните и присуствувате активно во нив со што ќе дадеме еден посебен акцент на младите во нашиот град.

Погледнете ја целосната програма на нашата фејсбук страна и придружете ни се на возбудливите дневни и вечерни активности од 12ти до 16ти август!

 

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]

Tags:

Недела на млади – Младински Кругови на Тема: Ментално Здравје

 Продолжува кампањата за Недела на Млади во МЦО.
 Денес, со почеток во 18ч во просториите на МЦО –  Conference Room, имаме Младински Кругови на тема Ментално Здравје, каде ќе дискутираме што се е ментално здравје, предизвици, и сето тоа од перспектива на различни категории млади лица, од кои и млади психолози.
Ве очекуваме да поразговараме што се, е Ментално Здравје и како до негова добросостојба!
Tags: