Покана за јавна презентација

Инфо за Младински Организации
6 views

Здружението Про Локал – Битола ве поканува да присуствувате на јавна презентација на наодите од националната проценка на влијанието на Законот за младинско учество и младински политики, со посебен осврт на разликите во имплементацијата на законот во урбани и рурални општини.

Настанот ќе се одржи на 26 март 2026 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје а е наменет за граѓанските организации, особено за оние што работат со млади и младински политики.

Јавната презентација се организира во рамките на проектот „Младински политики по мерка на младите“ и има за цел да отвори дискусија со граѓанските организации за предизвиците и можностите за унапредување на имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики во зависност од местото на живеење на младите. Ќе бидат презентирани клучните наоди од националното истражување, по што ќе следи отворена дискусија со учесниците за предизвиците и можностите за подобрување на младинските политики и нивната имплементација на локално ниво како и финализирација на препораките од истражувањето.

Доколку сте заинтересирани да присуствувате, ве молиме да го потврдите вашето учество најдоцна до 25.03.2026 на [email protected]

Целата агенда погледнете ја на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: