МЦО ПРАЈТОХРИД СЕГА
69

Недела на борба против рак

На 07 март МЦО во соработка со Црвен крст Охрид се организираше предавање на тема „Фотодерматози-причини, симптоми, стадиуми, превенција и лечење“.

Предавањето го одржа Д-р Перчо Бачев, спец.дерматовенеролог кој пред присутните ги објасни Фотодерматозите-промени на кожата кои настануваат како последица на дејството на сончевите зраци и начините за заштита на кожата од сончевите зраци.

Инаку, во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против ракот од 1-8 март, под мотото „Раната детекција спасува живот“, Црвен крст Охрид организираше активности насочени кон подигање на јавната свест кај општата популација за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави