📅 10 март 2026 (вторник)
🕥 10:30 – 14:30 часот
📍 Хотел Холидеј Ин, сала Милениум 2, Скопје
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Олимпискиот Комитет (ОКСМ), Ве покануваат на конференцијата: „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот.“
Ве молиме пријавете го учеството на следниот линк: https://ee.kobotoolbox.org/x/N… најдоцна до 08.03.2026г.
🎯 Конференцијата има за цел да отвори јавна и институционална дискусија за состојбите со родовата еднаквост и родово базираното насилство во спортот во Северна Македонија, како и за потребата од системски решенија, одговорност и промена на практиките.
🔎Истражувањата покажуваат дека жените се значително недоволно застапени во раководните позиции во спортските организации, дека политиките за еднаквост најчесто постојат само формално, а механизмите за заштита од дискриминација и насилство се недоволно развиени. Особено загрижува состојбата со родово базираното насилство, кое често останува невидливо и непријавено.


