Во име на Мрежата на граѓански организации на Партнерството за отворена власт сакам да споделам со вас можност за да се пријавите на Јавниот повик за учество во процесот на ко-креирање на НАП за ПОВ 2026-2028 Јавен повик за пријавување учество во процесот на ко-креирање на Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година – Најави – Односи со јавност – Министерство за јавна администрација – Република Северна Македонија
Би сакала да споделам позитивно искуство од процесот на ко-креирање кој има реално влијание врз јавните политики и реформи. Имено, учеството во ко-креацијата не е симболично, туку предлозите од граѓанските организации и институциите стануваат дел од националните политики. На пример, (1) Во претходните акциски планови се воведоа обврски за проактивна транспарентност на институциите, што придонесе за зголемување на објавување на податоци и информации од јавен интерес. (2) Преку OGP процесот се поттикна зголемување на обемот на отворени податоци (open data) и развој на национални политики и стандарди на темата. (3) Дел од обврските доведоа до подобрување на пристапот до информации од јавен карактер и дигитализација на услугите. Многу важно, дел од OGP е воспоставувањето на Отворен Трезор преку кој се следате буџетските трошења. Од тековниот план огромен успех е воспоставувањето на Регистар на вистински сопственици, како и напортите за дигитализирање на финансиското известување на политичките партии.
Процесот на ко-креација овозможува еднакво партнерство меѓу владата и граѓанскиот сектор. Имено, OGP е еден од ретките процеси каде граѓанскиот сектор и институциите се ко-креатори на предлози со кои се унапредува развивање или имплементација на политиките. Кај нас постои мулти-стејкхолдер форум (Форум на засегнатите страни = Советот на ПОВ) каде владата и граѓанските организации рамноправно учествуваат. Овој модел создаде континуиран дијалог и доверба меѓу институциите и граѓанското општество. Исто така, овозможува вклучување на експертизата од граѓански организации во реформските процеси. Со една реченица, процесот не е класична консултација, туку заедничко креирање на решенија.
Северна Македонија има долгогодишно искуство во OGP, што го прави процесот стабилен и предвидлив. Земјата е членка на OGP од 2011 година. Реализирани се повеќе национални акциски планови со десетици обврски. Изграден е искуствен модел на ко-креација кој постојано се подобрува.
Како поттик за да се пријавите, и да го споделите повикот до поширокото граѓанско општество, би сакала да истакнам дека учеството во ко-креацијата на националниот акциски план за Партнерство за отворена власт е можност институциите, граѓанските организации и експертите заеднички да дизајнираат конкретни реформи кои ја подобруваат транспарентноста, отчетноста и учеството на граѓаните. Претходните циклуси покажаа дека ваквиот процес носи реални резултати, и тоа од отворање на податоци до нови механизми за јавна отчетност.
Повеќе информации на следниот линк.



