ИМЕ НА ПРОГРАМАТА:
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ МАЛИ ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ АКЦИИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И СПРОТИВСТАВУВАЊЕ НА НАСИЛНИОТ ЕКСТРЕМИЗАМ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ИЗВОР НА ФИНАНСИРАЊЕ:
ЕУ
Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта/Ла Страда
КРАЕН РОК:
15 октомври 2023
ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА:
Главната цел на проектот е да се изгради отпорно, кохезивно и инклузивно општество кое ефикасно го спречува и се бори против насилниот екстремизам и радикализација преку активно вклучување и влијание на граѓанското општество, државни и недржавни чинители.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:
- Непрофитна организација регистрирана согласно Законот за здруженија и фондации во Република Северна Македонија најмалку една година пред објавувањето на овој повик. Предност имаат организациите кои се од следните градови: Скопје( општина Кисела Вода, општина Гази Баба) и Куманово.
- Да се директно одговорни за подготовката, управувањето и спроведувањето со проектот, а не да дејствуваат преку посредник.
- Вкупните годишни приходи остварени за 2022 година да не надминуваат износ од 100.000 евра во денарска противвредност годишно.
- Организацијата да не користи оперативен грант од Европска Унија.
БУЏЕТ:
Максимален износ: 5.000 евра.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ…
Тука.