Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува јавен повик за избор на правен експерт/ка за изработка на Прирачник (Toolkit) за граѓанско учество во областа на животната средина. Повикот се објавува во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната средина“, кој МЗМП го спроведува во партнерство со во партнерство со Центарот за правни истражувања и анализи, Здружение за одржлив развој Милеуконтакт Македонија и Здружение на граѓани ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија и со поддршка од Expertise France.
Ангажираниот експерт/ка ќе придонесе кон подготовка на сеопфатен и практичен прирачник кој ќе обезбеди јасни насоки за пристап до информации, учество во јавни консултации и користење на правни механизми за заштита на животната средина. Прирачникот има за цел да ги зајакне граѓаните, граѓанските организации и неформалните групи за поефективно учество во процесите на донесување одлуки.
Рокот за аплицирање е до 05.03.2026 година до 10:00 часот.




