За остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Охрид, согласно Законот за младинско учество и младински политики објавен во Служен весник на РМ бр. 10 од 16.01.2020 година, се наметнува потреба од формирање на Локален младински совет на општина Охрид.
Изборот на членови на младинскиот совет на општина Охрид го прави Локалното собрание на млади, на непосредни избори со тајно гласање.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
- Јавниот повик е отворен за претставници на: младински организации, организации на млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои се активни на територијата на општина Охрид како и поединци кои имаат искуство со младински активности кои ги исполнуваат следните критериуми:
- Да имаат активности на територијата на општина Охрид;
- Да се: жители на општина Охрид и да бидат на возраст од 15-29 години;
- Да имаат искуство со младински активности и проекти;
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ на следниот линк.