[vc_row][vc_column][vc_column_text]во Младински Центар Охрид одржавме креативна работилница по повод Денот на вљубените ❤️✨ со ученици од ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид.
🎨 Во рамки на Креативниот клуб, изработувавме честитки и рачни креации, споделувајќи убави пораки за најблиските. Имавме одлична атмосфера, многу дружба и уште повеќе креативност!
📌 Креативниот клуб е отворен за сите млади кои сакаат да творат и да ја развиваат својата имагинација. Им благодариме на присутните и очекуваме сите заинтересирани да ни се придружат во следните активности! 😊[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14975,14976,14977,14978,14979,14980,14981,14982,14983,14984″][/vc_column][/vc_row]
Придружете ни се на International Sailing Regatta Ohrid 2024!
Од 22-ти до 23-ти август, Охридското Езеро ќе биде домаќин на оваа престижна регата која привлекува едриличари од целиот Балкан.
Не пропуштајте ја шансата да уживате во натпреварувачкиот дух и прекрасните погледи на Охрид! Ве очекуваме на адреналинско искуство кое долго ќе го паметите!
Решавање на приоритетите на младите и зголемување на економските можности, компетенциите и младинскиот граѓански ангажман во Северна Македонија.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:
Подобните кандидати мора да бидат регистрирани во Северна Македонија и може да бидат младински здруженија, организации кои служат за млади, приватниот сектор, организации во заедницата, приватни институции за образование и обука, професионални или деловни здруженија и невладини организации.
Програми за подигање на јавната свест за управување со отпад
ИЗВОР НА ФИНАНСИРАЊЕ:
Европска Комисија
КРАЕН РОК:
16.07.2024 до 16:00 часот
ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА:
Глобалната цел на овој повик за предлози е да се подобри управувањето со отпадот во регионот на Преспа во согласност со стандардите и принципите на ЕУ.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:
Непрофитни правни лица.
Специфични типови на организации како: невладини организации, оператори од јавниот сектор, локалната власт, меѓународна организација како што е дефинирано во член 156 од Финансиската регулатива на ЕУ
Организацијата да биде основана во Северна Македонија најмалку 2 години пред датумот на објавување на овој повик за предлози
Организацијата да биде директно одговорна за подготовката и управувањето со акцијата со ко-апликантот(ите) и поврзаните ентитети, не дејствувајќи како посредник.
Во склоп на програмата Недела на Млади, во чест на “Меѓународниот ден на млади”, на 08.08.2023, во 09:30ч, во дворот на МЦО, се реализираше – Практична работилница за рециклирање, во соработка со Енхелеус Лихнид во , при која се стави акцент на важноста од оддржлив развој, бидејки ресурсите со кои располагаме се ретки и органичени и токму нивна пренамена е нашето решение.
На истата, од гуми за велосипеди се изработија каиши во само неколку чекори, при што на креативен начин ставивме акцент на есенцијалноста од Рециклирање.
Дискусија на тема Демократско учество на младите во креирање на можности и политики за вработување” во рамки на проектот NEUEYT за младинско учество кој го имплементира “ПОРАКА НОВА”.
На настанот се дискутираше за тоа колку младите се запознаени со политиките за вработување и можностите и кој е нивниот придонес за намалување на невработеноста.