Category: МЦО ПРАЈТ

Театарската претстава „Премотај и почни одново“ разбуди силни емоции кај публиката

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

На ден 14.12.2024 во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид, на малата сцена младите од МЦО ја изведоа претставата „Премотај и почни одново“ која е адаптација на едночинката „Bang Bang You’re Dead“ од Вилијам Мастросимон од 1999 година и е длабоко испитување на културата што може да предизвика насилство во современото општество, и потресна интроспекција на последиците од тоа насилство.

Младите на сцената со вистинска емоција и енергија упатија силна порака за менталното здравје и врсничкото насилство до сите присутни.

Голема благодарност до публиката која дојде и ги поддржа младите актери!
Се гледаме на сцена во следна прилика.

Продукција: Младински Центар Охрид

Сценарио и режија: Јован Цветкоски

ИГРААТ: Лука Доленц, Дафина Дејкоска, Сара Петкоска, Марио Ѓорески, Ивона Тасеска, Лија Камбер, Борче Исакоски, Исидора Митревска, Лора Јонческа, Лина Јоноска, Теона Талевска

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14780,14781,14782,14783,14784,14785,14786,14787,14788,14789″][/vc_column][/vc_row]

Работилници за средношколци

На 30ти ноември во просториите на Младински Центар Охрид, се одржаа 💡 Работилници за средношколци, на тема: Лидерство и решавање конфликти 👥

🤝 Работилниците беа организирани во соработка со студентки на Факултетот по Психологија при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Анастасија Поповска и Марија Зимоска.

🥰 Се надеваме дека овие работилници ќе бидат мотивација за другите студенти да изјават иницијатива за организирање работилници.

„Премотај и почни одново“ – Театарска претстава на младите од МЦО повторно пред охриѓани

„Премотај и почни одново“ е адаптација на едночинката „Bang Bang You’re Dead“ од Вилијам Мастросимон од 1999 година и е длабоко испитување на културата што може да предизвика насилство во современото општество, и потресна интроспекција на последиците од тоа насилство.

Изведба: Сабота, 14.12.2024 во 20:00ч
Место: НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид / мала сцена
Влез: 150 МКД
Резервации во порака или на тел бр: 078 413 946

МЕСТАТА СЕ ОГРАНИЧЕНИ!

Продукција: Младински Центар Охрид

Сценарио и режија: Јован Цветкоски

ИГРААТ: Лука Доленц, Дафина Дејкоска, Сара Петкоска, Марио Ѓорески, Ивона Тасеска, Лија Камбер, Борче Исакоски, Исидора Митревска, Лора Јонческа, Лина Јоноска, Теона Талевска

Оваа драма не е само уште едно сценарио што го избравме случајно. Тоа е огледало што ги одразува проблемите што ги мачат нашите училишта и заедници. И затоа избравме да ја оживееме оваа претстава. Не само за забава, туку и за едукација. Ние веруваме дека театарот има моќ да поттикне разговори, да направи промени. Со влегувањето во чевлите на овие ликови, се надеваме дека ќе фрлиме светлина врз темнината што нè опкружува. Сакаме да ја предизвикаме стигмата. Да ги срушиме бариерите кои нè спречуваат да подадеме рака, да бараме помош. Но заедно, преку уметност и емпатија, можеме да направиме разлика.

Младинска конференција за бизнис и претприемништво во МЦО

Младински Центар Охрид со задоволство ве поканува на Младинската конференција за бизнис и претприемништво: „Иновации, млади и успешни бизнис приказни“ посветена на младинската вработливост, претприемништвото, иновации и образованието за претприемништво, која ќе се одржи на 22ри ноември (петок) со почеток во 11:30 часот во просториите на Младински Центар Охрид.

Целта на настанот е да се поттикне младинското претприемништво и иновации преку споделување на успешни бизнис приказни и обезбедување на платформа за вмрежување и размена на идеи. Конференцијата има за цел да ги инспирира младите да започнат свои бизниси и да ги опреми со потребните знаења и вештини за успешно претприемништво.

Исто така настанот претставува одлична можност за вмрежување на младите и размена на идеи преку дискусија и информално учење.

Националната кампања за унапредување на положбата на младинските центри со нови препораки

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Националната кампања за унапредување на положбата на младинските центри продолжува со свои препораки, селектирани од Извештајот од Семинарот за вмрежување и унапредување на младинската работа – Денови на Младински Центри.
Семинарот се реализираше во декември минатата година во Младински Центар Охрид и учествуваа младински работници од сите младински центри во Република Македонија и дадоја свој придонес кон унапредување на положбата на младинските работиници и младинските центри, со фокус на потребите и предизвиците на младите.
Инспирирај! Активирај! Промени!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14734″][/vc_column][/vc_row]

Tags:

Национална кампања за унапредување на младинските центри

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Национална кампања за унапредување на младинските центри.
Предлог измени и дополнувања на ЗМУМП во насока на унапредување на положбата на младински центри.
– Младински Центри со посебна ставка во буџетот на општините;
– Двојно финансирање – покрај општините, Владата / Министерството за социјална политика, демофрагија и млади да биде вклучено во финансирање на младинските центри.
Инспирирај! Активирај! Промени!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14701″][/vc_column][/vc_row]

Tags:

Есенска Креативна Работилница во МЦО

Во соработка со Црвен Крст Охрид реализиравме дводневна Есенска Креативна работилница.

Младите имаа можност да се дружат и да изработат креативни декорации во духот на есента.

Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри

Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри, поддржана од повеќето младински центри ширум земјава со нови препораки во насока на изменување и дополнување на Законот за Младинско Учество и Младински Политики.

Имено, препораките се извлечени од извештајот произлезен од ,,Семинар за вмрежување и унапредување на младинската работа – Денови на Младински Центри”, каде учествуваа младински работници од Гостивар, Битола, Пробиштип, Струмица, Кавадарци кои се обидоја да дадат свој придонес во подобрување на положбата на младинските работници и центри во Република Македонија.

 

 

Млади до врв – Планинарска авантура со Младински Центар Охрид и Top Adventures!

Млади до врв – Планинарска авантура со Младински Центар Охрид и Top Adventures!
Подготви се за незаборавно искуство во природа!
На 23 октомври (среда) ќе ги истражуваме убавините на охридските патеки и ќе уживаме во природата, предводени од лиценцирани водичи во планина! 🔝
Појдовна точка: Макпетрол (кај Рисон)
Време на поаѓање: 08:30 часот
Завршуваме: Велгошти, Св. Петка
Што да понесете:
Удобна облека и обувки за планинарење
Доволно вода за хидратација
Придружи ни се и уживај во активен ден со природа, дружба и нови авантури!
Пријавување во директна порака! Ве очекуваме
 За повеќе информации контактирајте нè!
Tags:

Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри продолжува со higlights од извештајот изработен при Семинарот за вмрежување и унапредување на младинската работа – Денови на Младински Центри.
Нужна е Валоризација на Работниците со млади со конкретна ставка во буџетот, како и дефинирани параметри за младински центри.
Инспирирај! Активирај! Промени!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14645″][/vc_column][/vc_row]

Tags: