Category: ИНФОРМИРАЈ СЕ

Преглед на можности за финансирање на ГО

Граѓанскиот ресурсен центар подготвува месечни прегледи на отворени повици и можности за финансирање на граѓанските организации од различни извори. Месечните прегледи ги испраќа до целата маилинг листа на организации. Ова придонесува кон навремено информирање на организациите и зголемување на нивните можности за аплицирање за финансиска поддршка и за нивна одржливост.

Повеќе информации на следниот линк.

Повик за учесници на обука за лобирање, застапување и антикорупциски практики

Младински совет Прилеп во рамки на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“, организира обука за „Лобирање, Застапување и Антикорупциски практики“ со цел учесниците да стекнат вештини за следење на политиките, стратешка комуникација и креирање локални акциони планови за застапување кои ќе можат да ги имплементираат во нивните заедници.

За време на обуката учесниците ќе изготват акциони планови за застапување кои ќе промовираат транспарентност и одговорност во нивните заедници. Најдобрите 5 планови ќе бидат поддржани со финансиски средства на проектот за да се осигура нивно спроведување.

Краен рок за пријавување; 10 Април 2025 год.

Повеќе информации и пријавување на следниот линк.

Jавен повик за доделување грантови на граѓански организации кои се активни во јакнењето на жените

CARE Balkans, во рамки на проектот Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан (EWI), финансиран од Австриската агенција за развој (ADA) објавува јавен повик за доделување грантови

Две одбрани организации ќе добијат можност за зајакнување на капацитетите преку финансиска поддршка од 10.000,00 евра по организација, како и обуки за изградба на капацитети со цел активно учество во проектните активности насочени кон жените.

Заинтересираните граѓански организации треба да ја достават пополнетата апликација заедно со бараната документација најдоцна до 17.04.2025 година

Повеќе инфо на следниот линк.

Консултативна средба за приоритети на повици од Европската Унија

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија ги кани сите заинтересирани на консултации за финализирање на дискусијата за приоритетите и другите специфики на повиците за предлози програмирани во рамките на ИПА III Програмата за граѓанско општество и медиуми 2024-2025 година. Консултациите ќе бидат онлајн на 28.03.2025 (петок) од 10:00 – 12:00 часот.

Консултациите ќе ги отвори г-дин Штефан Худолин, Раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје.  Дискусиите ќе се фокусираат на идентификување на приоритетните теми, типот на акции и други специфики за следните повици за предлози:

  1. Повик за предлози (Акциски грантови) – Поддршка за систематско учество на граѓанското општество во процесот на пристапување во ЕУ и преговорите;
  2. Повик за предлози (Акциски грантови) – Поддршка на граѓанското општество и медиумските организации во различни тематски области;
  3. Повик за предлози (Оперативни грантови) – Рамковни договори за партнерство.

Повеќе информации на следниот линк.

Job shadowing во Охрид

[vc_row columns=”1″][vc_column][vc_column_text]

Во периодот од 19 февруари до 2 март 2025, 20 млади од Кастамону, Турција, беа дел од програмата Mobility of Youth Workers: Green Practices Job Shadowing Activity во Охрид.

Низ две недели активности, тие се запознаа со локалните иницијативи за заштита на природата, одржлив туризам и еколошки практики.

Клучни моменти:

  • Посети на Младинскиот Центар Охрид, Хидробиолошкиот институт, ЈП Комуналец, Планинска спасителна служба, сектор за Животна средина во Општина Охрид, Екоцентар во Белчишта
  •  Работилници и средби со Biodiversity for Everybody, SUP Club Ohrid, Екотуризам Охрид и чистење на бршлен со активисти
  • Истражување на стариот дел од градот и културното наследство со проф. Климент Наумов
  • Планинарење и теренски истражувања во Галичица, Велестово и Белчишта.
  • Презентации на Ohrid Ultra Trail Marathon и Trash Pinger
  • Walk for Rare – поддршка за лицата со Ретки болести

Оваа размена беше одлична можност за младите да стекнат знаење, да разменат искуства и да создадат нови идеи за одржливи еколошки практики во нивните заедници!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15038,15037,15036,15035,15034,15033,15032,15031″][/vc_column][/vc_row]

Преглед на можности за финансирање на Граѓански организации

Граѓанскиот ресурсен центар подготвува месечни прегледи на отворени повици и можности за финансирање на граѓанските организации од различни извори. Месечните прегледи ги испраќа до целата маилинг листа на организации. Ова придонесува кон навремено информирање на организациите и зголемување на нивните можности за аплицирање за финансиска поддршка и за нивна одржливост.

Повеќе инфо на следниот линк.

Обуки и грантови за циркуларна економија

People in Need (“Луѓе во потреба“ – ПИН) објавува повик за учество во обуки и грантова поддршка за грасрут граѓански организации (ГО) и групи кои работат во областа на циркуларната економија и намалување на отпадот. Повикот е во рамки на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркулчарна економија во Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија.

Со овој повик, 12 мали и грасрут организации и групи кои работат во областа на циркуларната економија ќе имаат можност да ги развијат своите капацитети преку прилагодени обуки.

Со обуките ќе бидат опфатени најмалку следните теми:

1. Вовед во циркуларна економија, зелена агенда, рамка на политики;
2. Принципи на кружен дизајн и бизнис модели;
3. Управување со отпад и рециклирање;
4. Застапување и партиципативен дијалог за политики;
5. Организациска визија и стратегија;
6. Прибирање средства (развој на предлог проект, буџетирање, зелено финансирање, претставување на идејата);
7. Видливост на акции финансирани од ЕУ;
8. Управување со проекти, вклучително финансиски и оперативни аспекти.

Обуките ќе бидат спроведени преку онлајн сесии, во период од два (2) месеци, по една обука неделно.

По обуките, 8 од 12 организации ќе имаат можност да добијат грант до 3000 евра за финансиска поддршка на своите локални акции за намалување на отпадот, реупотреба, рециклирање, надградба.

За да се пријавите на овој повик, прочитајте го внимателно целиот опис на повикот за подобноста и начинот на аплицирање, пополнете ја пријавата (прилог 1) и поднесете ја заедно со сите пропратни документи на [email protected] најдоцна до 16 март 2025, 23:59.

Повеќе инфо на следниот линк.

ВАСИЛ ХАЏИМАНОВ БЕНД СО НОВ КОНЦЕРТ ВО JAZZ INN!

Со огромно задоволство ја споделуваме веста дека Васил Хаџиманов Бенд ќе настапат во легендарниот џез клуб Jazz Inn во Охрид!

Васил Хаџиманов, мајстор на уникатното комбинирање на балканските традиционални ритми со современите џез, фанк, рок и прогресивни стилови, доаѓа со својот квинтет за ексклузивен клубски концерт кој ветува незаборавна вечер.

👉 Состав на бендот:
🎷 Растко Обрадовиќ – саксофон
🎸 Мирослав Товирац – бас
🥁 Виктор Филиповски – тапани
🥁 Ратко Даутовски – перкусии

📅 Датум: 16 март 2025 (недела)
Време: 21:30
📍 Локација: Jazz Inn, Охрид

🎟 Влезници:

  • 1000 денари (до 9 март)
  • 1200 денари (од 10 март)
    Бројот на влезници е ограничен.

📌 Резервации и карти:
Карти се достапни со претходна резервација на телефон 078 201 491.

Не пропуштајте вечер исполнета со врвна музика и извонредна атмосфера во Jazz Inn! 🙌

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ | Канео – Летна Бавча & Ресторан

Канео – Летна бавча и Ресторан објавуваат оглас за формирање тим за работа преку целата година.

Потребни се:
-ГОТВАЧ
-САЛАТЕР
-ПОМОШНИК ГОТВАЧ
-КЕЛНЕР

Заинтересираните кандидати за повеќе информации можат да се јават на тел.бр. – 078/374-702

Повик за грантови за млади еколози

Повик за мали и средни грантови „Д-р Љупчо Меловски“ 2025

Нова можност за младите еколози истражувачи да добијат и спроведат мал или среден грант и да искусат вистинско истражување. Македонското еколошко друштво, преку Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ со гордост го распишува новиот повик за мали и средни грантови, преку кој еколозите не постари од 30 години можат да аплицираат за мал или среден грант.

Повеќе инфо на следниот линк.