Повик за предлози: Зајакнување на соработката меѓу женското претприемништво, технолошките компании и давателите на услуги за насилство врз жените (VAWG)
UN Women објавува повик за предлози до организациите на граѓанското општество за поттикнување на соработката помеѓу екосистемот на женското претприемништво, технолошките компании и давателите на услуги за насилство врз жените (VAWG), како дел од иницијативата EU4 за родова еднаквост – економско јакнење на жените и искоренување на насилството врз жените во Западен Балкан.
Технологијата сè почесто се користи како средство за насилство врз жените (TF VAWG) преку онлајн вознемирување, сајбер следење, говор на омраза и споделување интимни содржини без согласност. Овој повик има цел да поттикне иновативни решенија и дигитални алатки за спречување и справување со овој облик на насилство.
UN Women ќе обезбеди финансиска поддршка (од 205,000 до 215,000 американски долари) за конзорциум составен од женска граѓанска организација (водечки апликант) и технолошка компанија (партнер). Конзорциумот ќе работи на развој, тестирање и имплементација на дигитални решенија, како и организирање субрегионални хакатони/идеатони за борба против технолошки поттикнато насилство.
Информативна сесија: 12 ноември 2025, во 14:00 часот Краен рок за поднесување предлози: 1 декември 2025, до 17:00 часот
Во рамките на регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“ спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) е објавен повик до граѓанските организации со седиште во Кочани да достават предлог- проекти насочени кон поттикнување на заздравувањето на заедницата, градењето доверба и јакнењето на младите по трагичните настани што се случија во март 2025 година.
Избраните проекти ќе добијат поддршка преку грантови до максимум 9.400 евра. Финансиските средства за поддршка на механизмот за регрантирање за Северна Македонија изнесуваат 47.000 евра и истите ќе бидат распределени врз основа на конечната одлука на Регионалната комисија за избор, на максимум 5 предлог проекти.
Краен рок за процесот на аплицирање е 28 ноември 2025 (петок).
Граѓанскиот ресурсен центар подготвува месечни прегледи на отворени повици и можности за финансирање на граѓанските организации од различни извори. Месечните прегледи ги испраќа до целата маилинг листа на организации. Ова придонесува кон навремено информирање на организациите и зголемување на нивните можности за аплицирање за финансиска поддршка и за нивна одржливост.
CARE Balkans, во рамки на проектот Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан (EWI), финансиран од Австриската агенција за развој (ADA) објавува јавен повик за доделување грантови
Две одбрани организации ќе добијат можност за зајакнување на капацитетите преку финансиска поддршка од 10.000,00 евра по организација, како и обуки за изградба на капацитети со цел активно учество во проектните активности насочени кон жените.
Заинтересираните граѓански организации треба да ја достават пополнетата апликација заедно со бараната документација најдоцна до 17.04.2025 година
Во склоп на националната кампања за унапредување на положбата на Младинските Центри ги истакнуваме предизвиците со кои се соочуваат Младинските Центри истакнати на Семинарот за вмрежување и унапредување на младински работници, кој се одржа во Младински Центар Охрид во декември 2023.
Предизвиците со кои се соочуваат Младинските Центри се пресликуваат од една во друга општина и генерално се исти. Главен проблем е незаинтересираноста за вклучување на младите во програмите на центрите. Младите се неактивни во заедницата и нивниот интерес е насочен кон други приоритети, сметајќи дека постоењето на Младинските Центри не е нужно за нивниот личен раст и развој, со што нивниот младински активизам се става во втор план.
Водејќи се според трендовите се потенцира на важноста од онлајн промоција на Младинските центри и услугите кои ги нудат за млади, како најблизок метод за пристап до младите.
Покрај другото, стана збор и за важноста за соодветен и пристапен простор и локација на Младинските центри, што во ЗМУМП не е прецизирано, што остава простор за манипулативност од страна на самите општини.
Неопходно е конкретизирање на одредбите во законот во смисла на унапредување и конкретизирање на поимот на младински центри во состав на чл.22 од ЗМУМП.
Дополнително, двојното финансирање на младинските центри се смета за нужно. Покрај општините, државата треба да ги поддржи младинските центри, бидејќи истата им наложува со законот ЗМУМП да отворат и финансираат младински центри и понатаму целиот процес го остава на општините.
ЛОТ 1: Разновидни локални одговори кои се однесуваат на ранливостите на Македонскиот информативен простор и ја намалуваат поларизацијата
ЛОТ 2: Зајакнување на интегритетот на информациите во онлајн просторот
ЛОТ 3: Употреба на вештачка интелигенција и технологија за зајакнување на информацискиот интегритет
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:
Организации или поединци легално регистрирани како непрофитна и невладина организација во Северна Македонија, основани во согласност со Законот за здруженија и фондации на РСМ.
Решавање на приоритетите на младите и зголемување на економските можности, компетенциите и младинскиот граѓански ангажман во Северна Македонија.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:
Подобните кандидати мора да бидат регистрирани во Северна Македонија и може да бидат младински здруженија, организации кои служат за млади, приватниот сектор, организации во заедницата, приватни институции за образование и обука, професионални или деловни здруженија и невладини организации.
Акцијата ERA Talents има за цел да ја зајакне интероперабилноста на кариерите во академскиот и неакадемскиот сектор и да ја подобри вработливоста на талентите за истражување и развој низ секторите.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:
• Земјите-членки на Европската унија, вклучувајќи ги и нивните најоддалечени региони:
Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска.
Прекуокеанските земји и територии (OCT) поврзани со земјите-членки:
Аруба (Н. ), Синт Евстатиј (НЛ), Синт Мартен (НЛ), Сент Пјер и Микелон (ФР), Острови Волис и Футуна (ФР). прекуокеанските земји и територии (OCTs) поврзани со земјите-членки:
Аруба (Н. ), Синт Евстатиј (НЛ), Синт Мартен (НЛ), Сент Пјер и Микелон (ФР), Острови Волис и Футуна (ФР). •Земји поврзани со Хоризонт Европа;
Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Фарски Острови, Грузија, Исланд, Израел, Косово, Молдавија, Црна Гора, Нов Зеланд, Северна Македонија, Норвешка, Србија, Тунис, Турција, Украина, Обединетото Кралство“.
Програма за животна средина и климатска акција (LIFE)
ИЗВОР НА ФИНАНСИРАЊЕ:
Европска Комисија
КРАЕН РОК:
17.09.2024 до 17:00 часот
ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА:
Проектите во оваа насока треба да помогнат да се постигне долгорочната визија на новата Стратегија на ЕУ за адаптација кон климатските промени така што, во 2050 година, ЕУ ќе биде општество кое е целосно приспособено на неизбежните влијанија на климатските промени.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:
Правни лица(јавни или приватни тела), основани во:
земјите-членки на ЕУ (вклучувајќи прекуокеански земји и територии)
земји кои не се членки на ЕУ:
наведени земји од ЕЕА и земји поврзани со Програмата LIFE
земји кои се во тековни преговори за договор за асоцијација и каде што договорот стапува во сила пред потпишувањето на грантот.
Координаторот мора да биде основан во една од подобните земји.
БУЏЕТ:
Ублажување на климатските промени: 28.500.000 евра
Адаптација кон климатските промени: 28.500.000 евра
Зајакнување на соработката меѓу земјите-членки на ЦЕИ и имплементација на стратешките цели и главните цели поставени со Насоките и деловникот на ЦЕИ и Акциониот план на ЦЕИ.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:
Јавни и приватни субјекти со седиште и регистрирани во земјите-членки на ЦЕИ (јавни/еквивалентни тела, приватни субјекти, невладини и граѓански организации). Може да аплицираат и меѓународни организации.