Повик за аплицирање за мали грантови – Слобода на изразување

Инфо за Младински Организации
17 views

Проектот #CredibleMedia4StrongSocieties го најавува почетокот на Регионалната шема за мали грантови (SGS), чија цел е поддршка на организациите на граѓанското општество и медиумските организации кои работат на зајакнување на слободата на изразување низ земјите од Западен Балкан (WB6).

Со вкупен буџет од 450.000 евра, оваа шема има за цел да ги зајакне капацитетите на локалните медиуми и организациите на граѓанското општество за следење на слободата на изразување, застапување за подобрувања во нивните заедници, промовирање на медиумскиот плурализам и поттикнување на демократското учество.

Клучни информации

  • Износ на грантот: 10.000 – 20.000 евра по проект
  • Времетраење на проектот: До 10 месеци
  • Географски опфат: Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Северна Македонија и Србија
  • Кофинансирање: Не е потребно
  • Индикативен број на грантови: Пет по земја, во зависност од резултатите од селекцијата и достапните средства

Рок за пријавување: 6 ноември 2026 година, до полноќ
Повеќе информации на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: