Институтот Strategers, во партнерство со Универзитетот на Југоисточна Европа, објавува отворен повик за учество на четвртиот модул од проектот „REUFORM – EU Reform Action“, посветен на зелената транзиција и одржливиот развој.
Обуката е наменета за претставници на граѓански организации, новинари и медиумски професионалци, младински претставници, студенти и млади активисти кои сакаат да ги продлабочат своите знаења за зелените политики и процесот на европска интеграција.
Во текот на двата дена, учесниците ќе имаат можност преку експертски дискусии, практична групна работа и симулации да истражуваат теми поврзани со одржливата енергија, следењето на зелените реформи, комуникацијата за еколошките предизвици и вклучувањето на граѓаните во донесувањето одлуки на локално ниво.
Датум и време:
- 20 ноември 2026 (петок), 14:30 – 18:30 часот
- 21 ноември 2026 (сабота), 09:00 – 14:00 часот
Локација: Strategers Institute, Скопје
Пријавување до: 15.11.2026 година
Пријавете се на следнов линк.





