Author: MC Ohrid

Национална кампања за унапредување на положбата на Младинските Центри: Предизвици

Во склоп на националната кампања за унапредување на положбата на Младинските Центри ги истакнуваме предизвиците со кои се соочуваат Младинските Центри истакнати на Семинарот за вмрежување и унапредување на младински работници, кој се одржа во Младински Центар Охрид во декември 2023.

Предизвиците со кои се соочуваат Младинските Центри се пресликуваат од една во друга општина и генерално се исти. Главен проблем е незаинтересираноста за вклучување на младите во програмите на центрите. Младите се неактивни во заедницата и нивниот интерес е насочен кон други приоритети, сметајќи дека постоењето на Младинските Центри не е нужно за нивниот личен раст и развој, со што нивниот младински активизам се става во втор план.

Водејќи се според трендовите се потенцира на важноста од онлајн промоција на Младинските центри и услугите кои ги нудат за млади, како најблизок метод за пристап до младите.

Покрај другото, стана збор и за важноста за соодветен и пристапен простор и локација на Младинските центри, што во ЗМУМП не е прецизирано, што остава простор за манипулативност од страна на самите општини.

Неопходно е конкретизирање на одредбите во законот во смисла на унапредување и конкретизирање на поимот на младински центри во состав на чл.22 од ЗМУМП.

Дополнително, двојното финансирање на младинските центри се смета за нужно. Покрај општините, државата треба да ги поддржи младинските центри, бидејќи истата им наложува со законот ЗМУМП да отворат и финансираат младински центри и понатаму целиот процес го остава на општините.

Меѓународна едриличарска регата Охрид, од 22 до 23 август

Придружете ни се на International Sailing Regatta Ohrid 2024!
⛵🌍 Од 22-ти до 23-ти август, Охридското Езеро ќе биде домаќин на оваа престижна регата која привлекува едриличари од целиот Балкан. 🌟
✨ Не пропуштајте ја шансата да уживате во натпреварувачкиот дух и прекрасните погледи на Охрид!
Ве очекуваме на адреналинско искуство кое долго ќе го паметите!

Проекција на документарецот „Охрид, Охрид убав мил“ на отворањето на Недела на Млади

По повод Денот на млади – 12 август, а како дел од настанот Недела на млади, во Младински Центар Охрид, вечерта на 12 август, во понеделник, ќе се прикажува документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на македонскиот режисер од Охрид, Илија Пиперкоски.

Во документарниот филм се зборува за настанување на песната Охрид, Охрид, убав мил и низ прекрасен наратив гледачите ќе можат хронолошки да се запознаат со тајфите и трубадурите кои негувале чалгиска музика и животот на охриѓани преставен преку испеаните песни.

Филмот ќе се прикажува во дворот на МЦО, со почеток во 20:40 часот, по самото отварање на настанот Недела на млади.

Недела на млади во Младински Центар Охрид, втора година по ред!

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

 
Недела на млади во Младински Центар Охрид, втора година по ред! 🙌👫🙋‍♀️
 
Meѓународниот ден на младите (IYD), назначен од Обединети Нации се одржува секоја година на 12ти август како ден за подигање на свеста за одредени културни и правни прашања околу младите.
 
  • Темата за Меѓународниот ден на младите 2024 година (12 август) е „Од кликови до напредок: Младински дигитални патишта за одржлив развој“. Оваа тема ја нагласува клучната врска помеѓу дигитализацијата и забрзувањето на напредокот на Целите за одржлив развој (ЦОР), нагласувајќи го клучниот придонес на младите во овој трансформативен процес.

 

По повод овој значаен ден и оваа година МЦО подготви  низа настани на различни локации во Охрид со цел младите да се поврзат, забавуваат, да ја разбудат својата креативност и да научат некоја нова вештина. 😎🥳

Планирани се работилници, забавни игри, проекции, ДЈ сет, музички бенд, изложба, летна школа итн.

Ќе ни биде особена чест доколку ги посетите настаните и присуствувате активно во нив со што ќе дадеме еден посебен акцент на младите во нашиот град.

Погледнете ја целосната програма на нашата фејсбук страна и придружете ни се на возбудливите дневни и вечерни активности од 12ти до 16ти август!

 

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]

Tags:

Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри за Ден на Млади

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри.
Меѓународниот ден на Млади – 12ти Август се става во фокус од страна на многу светски, национални и локални организации, со што на дневен ред се ставаат младинските културни и правни прашања, како и младинските политики.
Младински Центар Охрид, за прв пат, минатата година реализираше низа активности насловени под Недела на Млади, каде најразличните потреби и интереси на младите се ставија во фокус.
Обединетите Нации, секоја година избираат тема за ,Меѓународниот Ден на Млади, која се смета за најактуелна и интересна за младите.
Овогодинешната тема за Меѓународен Ден на Млади е: „Од клик до напредок: Младински дигитални патишта за одржлив развој“.
Акцентот на младите денес, е нашата иднина утре.
Инспирирај! Активирај! Промени!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14499″][/vc_column][/vc_row]

Tags:

Национална Кампања за унапредување на положбата на младинските центри – МЦО

Национална Кампања за унапредување на положбата на младинските центри.
Младински Центар Охрид е формиран согласно ЗМУМП, односно од страна на Општина Охрид, додека Чадор Организација која го води Младински Центар Охрид е Коалиција на младински Организации СЕГА.
Работи на повеќе програми се со цел да биде во чекор со предизвиците и потребите на младите на локално ниво: младинско учество, младинско информирање, култура, вработување и претприемништво и неформално образование.
Младински Центар Охрид работи од 9ч до 17ч секој работен ден со тоа што дополнително настапува со флексибилност заради активности кои е покомпатибилно да се реализираат во попладневните и вечерните часови, како и за време на викенд.
МЦО се состои од тим на тројца сертифицирани работници.
Инспирирај! Активирај Промени!
Можно е да е слика од 2 луѓе и текст
Tags:

Летна школа за гитара во МЦО | Недела на млади 2024

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Како дел од настанот „Недела на млади“ кој ќе се одржи од 12 до 16 август во Младински Центар Охрид, предвидена е летна школа за гитара за сите млади кои имаат желба да ги научат основите на свирење на инструментот или да ги подобрат своите веќе стекнати вештини.

Летната Школа за гитара ќе биде под менторство на дипломираниот гитарист и наставник по музичко образование во ООУ „Кочо Рацин“ – Игор Стефановски и ќе се одржи во просториите на Младинскиот Центар Охрид со почеток во 11:00 часот, од 12 до 16ти август.

Пополнете ја пријавата подолу во објавата за да го резервирате вашето место најдоцна до 09.08.2024. Местата се ограничени!

Летната школа е БЕСПЛАТНА, а учесниците по исполнувањето на дневното присуство ќе се здобијат со сертификат.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]

Креативна Летна Школа – Посета на Работилница за Рачна Изработка на Хартија

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

 Работилница за Рачна Изработка на Хартија – Paper Museum, лоцирана во стариот дел на Охрид.
 Организирана посета од страна на Младински Центар Охрид во склоп на Креативен Клуб и Програма за Креативна Летна Школа.
 Учесниците имаа можност да ја разгледаат работилницата и изработките, но и да поразговараат со лице кое зборуваше за историјата на оваа работилница, но и за процесот за изработка на хартија.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14406,14407,14408,14409,14410,14411,14412,14413,14414,14415″][/vc_column][/vc_row]

Националната Кампања продолжува со промоција на Младински Центри

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Националната Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри продолжува со промоција на другиот младински центар и првиот на ниво на Македонија кој се отворил во 2018 година во Гостивар.
Младински Центар – Фондација Младински Ресурсен Центар – I CAN.
Работи на различни програми за подрршка на личниот раст и развој на младите.
Младинскиот Ресурсен Центар работи 24/7 и во него фигурира тим од тројца младински работници.
Инспирирај! Активирај! Промени!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14401″][/vc_column][/vc_row]

Tags:

Летна филмска вечер во Младински Центар Охрид

Ги повикуваме сите млади да ни се придружат во Младински Центар Охрид за возбудлива филмска вечер на 24 јули, среда, со почеток во 20:30 часот. 

Ќе го прикажеме срдечниот и добро познат филм „The Perks of Being a Wallflower “,  драма за полнолетство базирана на саканиот роман на Стивен Чбоски. Овој филм не води на потресно патување низ очите на Чарли, срамежлив и интроспективен бруцош во средно училиште. Додека се движи низ комплексноста на пријателството, љубовта и самооткривањето, Чарли наоѓа утеха во неговите нови пријатели, Сем и Патрик, кои го воведуваат во светот на нови искуства и незаборавни моменти.

Без разлика дали сте љубител на книгата или сте нови во приказната, не ја пропуштајте оваа можност да доживеете филм кој прекрасно ги доловува борбите и триумфите на адолесценцијата.

Повикајте ги своите пријатели, донесете грицки и дојдете да уживате во кино и добро друштво.  Филмот ќе се прикажува во конференциската сала при Младинскиот Центар. Влезот ќе биде бесплатен.

Ве очекуваме со нетрпение!