Јавен повик за учество во менторска програма на Граѓанскиот Ресурсен Центар

Инфо за Младински Организации
226 views

Граѓанскиот ресурсен центар објави повик за граѓански организации за учество во програма за менторска поддршка насочена кон зајакнување на организациските капацитети и унапредување на внатрешните процеси на организациите.

Преку оваа програма, пријавените организации ќе добијат директна поддршка од ментори во една или повеќе од следните области:

  • Добро управување, транспарентност и отчетност на граѓанската организација
  • Стратешко и годишно планирање
  • Проектен менаџмент
  • Административно работење на граѓанската организација
  • Финансиски менаџмент
  • Erasmus +
  • Граѓанско учество и застапување
  • Волонтерство
  • Видливост, комуникации и односи со медиуми на граѓанската организација
  • Дигитална трансформација на граѓанската организација
  • Диверзификација на извори на финансирање на граѓанските организации
  • Анализа на организациски капацитети

Повеќе информации на следниов линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: