Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанскиот општество, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Извештај за пријавени организации со кандидати по Јавниот повик за избор на член и заменик член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите во областа Родова еднаквост (објавен на 17.07.2026 година) и Јавен повик до сите активни организации кои дејствуваат во областа Родова еднаквост, согласно нивниот статут, да го дадат својот глас за еден од кандидатите.
Гласањето се врши со пополнување на Образецот за гласање и негово доставување по пошта или електронска пошта на [email protected], до 26.08.2026 година.
Повеќе информации на следниот линк.




