Еко-свест ја започнува Програмата за грантови за 2026 година, со цел да ги поддржи граѓанските организации и нивните партнери во предводењето на промените кон праведно и отпорно општество. Програмата се реализира со поддршка на Кралството на Шведска и се заснова на моделот на „Обновлива правда“ (Restorative Justice), кој ја нагласува важноста на демократизацијата на експертизата и активното вклучување на граѓаните во креирањето на еколошката иднина.
Грантовите се насочени кон постигнување на следните стратешки цели:
- Техничко застапување: Подобрување на капацитетите за анализа и застапување на еколошки регулативи (усогласени со ЕУ Поглавје 27).
- Институционален надзор (watchdogging): Обезбедување транспарентност и одговорност во носењето одлуки.
- Заштита на природата: Управување со заштитени подрачја и обнова на екосистеми.
- Практични решенија: Имплементација на пилот-проекти за декарбонизација и заштита на природата.
- Јавна свест: Подигање на климатската писменост и градење на граѓански активизам.
- Организациска отпорност: Градење на внатрешни управувачки вештини на организациите.
Вкупен фонд: 21.500.000 денари
Износ по грант: Минимум 1.200.000 денари – Максимум 4.300.000 денари.
Времетраење: 12 до 14 месеци.
Потребно е да се поднесе Концепт на проект со проценка на буџет и соодветна документација до 31 јули 2026 година.
Повеќе информации на следниот линк.





