Втор повик за доделување на грантови – „Зелена младина, зелен раст – Акции за зелена трансформација“

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во име на проектот финансиран од Европската унија „Зелена младина, зелен раст“ објавува втор Повик за финансиска поддршка на акции за зелена трансформација.

Повикот има визија да ги поддржи граѓанските организации во Северна Македонија во спроведување иновативни зелени иницијативи кои ќе придонесат кон справување со климатските промени, заштита на животната средина и унапредување на циркуларната економија.

Краен рок за поднесување на пријавите – 08 јуни 2026 година, до 16:00 часот (локално време, Скопје).

За овој повик ќе се одржи онлајн информативна сесија на 08 мај 2026 година од 11 часот . Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат треба да изразат интерес преку е-пошта на: [email protected]

Повеќе информации на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: