Реформа за раст: Механизам за мали грантови

Инфо за Младински Организации
4 views

Проектот  „Следење реформи и раст во Западен Балкан“, спроведуван од членови на мрежата Мисли за Европа (ТЕН) и Транспаренси Интернешнл – Босна и Херцеговина (ТИ-БиХ), со поддршка од Европската Унија, објавува Повик за предлози во рамки на Механизмот за мали грантови „Реформа за раст“.

Целта на овој Повик е да ги зајакне граѓанските организации во обезбедувањето независен мониторинг, застапување и секторски перспективи во однос на имплементацијата на Планот за раст за Западен Балкан.

Вкупен износ од 314.620 евра е доделен на SGF за поддршка на максимум 20 грантови, со период на спроведување од 10 до 12 месеци по акција. Финансиската рамка за грантовите е следна:

  • Максимален износ на грант: 16.000 евра
  • Индикативен просечен грант: 15.730 евра

Краен рок за поднесување: 6 мај 2026 година до 17:00 часот (CET).

Повеќе информации на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: