По патеките над Велестово
Младински Центар Охрид, заедно со Планинарски клуб Вертитреил, организира лесна планинска тура наменета за сите љубители на природата, движењето и дружењето на отворено. Патеката нуди прекрасни погледи кон Охрид и езерото, како и можност да се откријат интересни природни и духовни точки во околината на Велестово.
- 20.03.2026 ( петок )
- Збирно место: 08:30 часот кај Рисон
- Тргнување: 09:00 часот
- Патека: Билјанини Макпетрол – Мала Богородица – Видиковец Велестово – Билјанини Макпетрол
- Вкупно Дистанца: 9 км
- Вкупно искачување и спуштање: околу 350 м
- Времетраење: околу 4 часа
Турата започнува од Скаличките кај Макпетрол (Билјанини извори) и првично се движи по асфалтен пат во правец на Велестово. Потоа патеката продолжува по единечна планинска патека до црквата Мала Богородица. Од таму се следи текот на реката сè до нејзиниот извор, по што се достигнува и највисоката точка на турата – видиковецот Килаец кај Велестово, од каде се отвора прекрасен поглед кон Охридското Езеро и градот.
Враќањето е по различна патека, која повторно води до почетната точка. Патеката е лесна и погодна за почетници, како и за сите што сакаат умерена прошетка во природа.
Потребна опрема:
– тренерки / спортска облека
– јакниче
– вода
– лесна храна (кроасан, пециво, благо или овошје)
– патики или планинарски кондури
Ве покануваме да поминеме неколку часа во природа, во добра атмосфера и со убави погледи над Охрид.










