Повик за поднесување предлог-проекти за доделување грантови

Проектот Култура за развој објавува Повик за поднесување предлог-проекти за доделување грантови во рамките на Програмата за размена на знаење преку работа (Job Shadowing Scheme), која има за цел градење капацитети и структуриран трансфер на знаење.  Целта на овој повик е да се изградат капацитетите на културните и уметничките професионалци и организации во Република Северна Македонија нудејќи им практични можности за обука на работното место преку учење од практиката.

Кој МОЖЕ да аплицира?

  • Културни и уметнички организации;
  • Уметнички колективи и иницијативи;
  • Граѓански организации коишто вршат културни и уметнички активности, дури и ако тоа не е нивна примарна област на активност;
  • Други правни лица активни во уметноста и културата (независни фондации, донации, друштва со ограничена одговорност и/или претприемачи).

Максималните расположливи средства за финансирање за реализација на еден проект се до 178.500 денари. Максималното времетраење на размената на знаење преку работа е 4 недели.

Рок за аплицирање – Апликациите се прифаќаат постојано и се оценуваат на квартално ниво додека повикот не се затвори.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: