Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3)

Општина Центар и ReLOaD3 програмата ги повикуваат сите граѓански организации да поднесуват предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Центар и со кои се опфатени следните приоритетни области:

Млади

1.   Поддршка на жртви на родово засновано насилство, семејно и врсничко насилство, како и зајакнување на психолошката стабилност на жртвите преку интерсекциски пристап, особено со вклученост на млади со попреченост.

2.   Развивање на вештини кај деца од основно образование во рамки на воннаставни активности со воведување на современи технолошки алатки.

Култура 

1.   Поттикнување самоодржлив развој на филмската уметност преку создавање на содржини согласно потребите на заедницата

2.   Афирмација и промоција на локални традиционални музички и културни вредности со особен акцент на децата од училишна возрасти.

Животна средина

1.   Заживување на отворен простор за реализација на културни, едукативни и рекреативни активности на граѓаните од општината.

2.   Подигнување на еколошката свест на граѓаните за одржување на чистотата на отворените јавни простори.

Jавниот повик ќе трае од 10.02.2026 (од 9:00 часот) до 10.03.2026 (до 15:00 часот).

За повеќе информации, посетете го следниов линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: