Во петокот на 26.01.2024та, Младински Центар Охрид одржа настан на кој го промовираше своето списание „Една година МЦО“ – годишна ревија на настани 2022/2023.
Промовирано беше она што се има случувано во Младински Центар Охрид од самото отворање на Центарот, па заклучно со 2023та година.
На настанот присутни беа соработници на Младинскиот Центар, претставници на Општина Охрид, на средни и основни училишта, волонтери, организации и други млади, на кои Младински Центар Охрид им додели благодарници за досегашната соработка.
За музичкиот дел од настанот се погрижија учениците од ООУ „Кочо Рацин“ предводени од својот професор по музичка уметност Игор Стефаноски.
Со ова Младински Центар Охрид упатува огромна благодарност до сите оние кои на некаков начин се вклучиле во досегашното функционирање на Центарот и ги поддржале активностите кои се случуваат тука.
Фотографиите се на Ристе Лекоски.
Во прилог е линк до списанието „Една година МЦО“ – годишна ревија на настани 2022/2023.